Како секое утро да се разбудите со фантастична коса?

3 август 2018

Нема нешто поидеално од тоа секое утро да се будите со средена коса и да не мора да губите време со часови да ја средувате.

Светски познатите фризери посочуваат дека тоа е можно и тоа со само неколку трикови. Првото и основно правило е дека треба задолжително да ја смените памучната навлака за перница со свилена или сатенска.

Без разлика дали сте легнале со совршено исфенирана коса, памукот во текот на ноќта ќе ја уништи, бидејќи овој материјал ќе ја впие влагата од влакната и ќе ги направи суви и кршливи.

Вакви и слични совети споделуваат големите стилисти меѓу кои и Џастин Марјан, фризерка на Кардашијан кланот и познатиот Марк Таунсенд кој соработува со сите светски модни магазини.

Брановидна коса

Ако отсекогаш сте сакале да имате брановита коса како Жизел Бундшен, решението на овие момци ќе ве воодушеви. Сè што е потребно е на влажна коса да ставите малку пена по целата површина, да сплетете плетенка и утрото сте спремни.

Волумен

За ова, не ви се потребни оние големи фенови и четки со кои се постигнува волумен во салоните, туку едноставни виклери со лепенки. Купете некои со средна величина, косата напрскајте ја со многу малку лак и ставете ги на темето по распоред, изутрина извадете ги, изчешлајте ја косата со четка и уживајте.

Рамна коса

Пред спиење, испеглајте ја косата, врзете ја со меко ластиче и завиткајте го репчето со сатенска лента. Утредента косата ќе ви биде совршена како и пред легнување.

Инфо: Elle.rs

Фото: Google

Објавено:
3 август 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
701 пати