Како шминката да ви трае подолго?

18 јануари 2014

1. Средство за чистење на лицето

Најважно е лицето да ви биде чисто, па покрај миењето со вода, се препорачува да користите и средство за чистење кое ќе го одредите во зависност од типот на вашата кожа.

2. Хидратација на кожата

По чистењето на кожата на лицето нанесете хидратантен крем, а доколку имате масна кожа, одберете таков кој ќе ви овозможи мат ефект.

3. Водоотпорна маскара

Единствен начин маскарата да ви трае во текот на целиот ден е да одберете водоотпорна маскара која секако ќе треба да ја отстраните пред да си легнете.

4.Пудра

Доколку сакате ефективен изглед во текот на целиот ден покрај течната пудра, нанесете и камена пудра повторно во зависност од типот на вашата кожа.

5. Долготраен кармин

Овој тип на кармин има и добра и лоша страна. Односно траењето на карминот е секако во подолго рок од нормалните кармини, но затоа побрзо допринесува за сушење на вашата уста.

Објавено:
18 јануари 2014
Категорија: 
Убавина