Кара Делевињ е новото заштитно лице на „Диор“ козметика

25 октомври 2017

Кара Делевињ е дел од големото „Диор“ семејство, а благодарение на тоа што е новото лице на линијата за нега на лице „Capture“ на „Диор“.

Од брендот не го кријат задоволството за новата остварена соработка.

„Кара е посветена жена, револуционарен топ модел, а сега и актерка во подем. Исто така, Делевињ сега со својата харизма и убавина ќе придонесе за презентацијата на „Capture“. Всушност, таа ќе биде заштитното лице на новата линија за нега на кожа, насловена како „Capture Youth“, создадена за жените во триесетите години од животот“, посочуваат од „Диор“.

Од брендот додаваат дека за ваквата одлука помогнал и фактот дека Кара е икона која младите жени ја обожаваат и тоа поради нејзиниот природен, а сепак впечатлив изглед. Актерските улоги остварени во последните две години како „Suicide Squad“, „Valerian and the city of a thousand planets“, како и „Tulip Fever“.

 

Кога е во прашање новата револуционерна линија, „Capture Youth“, стручните лица на „Диор“ соработуваа со членови од универзитетот „Пјер и Марија Кири“. Веројатно на многумина ви дојде чудно што некој што има 25 години е заштитно лцие за колекција против стареење, но целта на остварената соработка е да создадат револуционарен медицински производ што ќе може да го предвиди стареењето, односно линијата има за цел да ги одложи првите знаци на стареење.

 

*Спонзорирана објава IT Comestics

Објавено:
25 октомври 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
244 пати