Карл Лагерфелд ќе лансира сопствена линија на парфеми

10 јануари 2014

Ова беше само прашање на време! Конечно, модниот магнат Карл Лагерфелд објави дека ќе лансира сопствена колекција на парфеми за мажи и жени.

Овој неверојатен дизајнер не само што создава исклучително добри парчиња облека, дизајнира шишиња за Кока – Кола, дава свој печат во автомобилите на Голф, ги уредува шармантните соби во Hotel de Crillon, сега на ред дојде и колекцијата парфеми.

Првата колекција парфеми на Карл Лагерфелд ќе биде пуштена во продажба во март годинава, а многумина од него очекуваат нешто сосема класично со ноти на овошје.

„Животот не е натпревар за убавина. Она што останува на крајот е интелигенцијата, а младоста и убавината се само сезонски“, напиша на својот Твитер профил Лагерфелд.

Објавено:
10 јануари 2014
Категорија: 
Убавина