Кето диета: Новиот хит за слабеење

2 јануари 2019

Веруваме дека повеќето од вас за празниците го надминале лимитот со храна, па размислуваат за тоа како да го намалат вишокот.

Токму на оваа тема, деновиве најмногу се зборува за кето диета. Велат дека тоа е новиот хит за слабеење меѓу познатите, после хроно диетата.

Познатите придонесоа во голема мера за нејзината популаризација. Така, меѓу оние кои ја пробале е и кошаркарот Ле Брон Џејмс, кој во интервју со „Спортс Илустрејтед“  изјави дека 67 дена ја држел, со цел да ја тестира својата ментална сила. Меган Фокс пак се одлучи да ја практикува за после породувањето да ја врати својата стара килажа.

Адриана Лима неодамна откри дека во текот на целата кариера се подготвувала за ревиите токму со помош на оваа кетогена диета, која подразбира најчесто конзумирање на зеленчук, протеини и протеински шејкови. Алисија Викандер за улогата на Лара Крофт се подготвувала исто така со оваа диета, јадејќи најчесто риба, зеленчук, кокосово масло и авокадо.

Дел од холивудските дами кои често ѝ се навраќаат на оваа диета се и Гвинет Палтроу и Хали Бери, како и Кортни Кардашијан, Ким Кардашијан која изјави дека после втората бременост со оваа диета изгубила 27 килограми. 

Како всушност функционира?

Кето диетата се базира на екстремно ограничување на јаглехидратите , а зголемен внес на маснотии. Тоа значи, во секојдневната прехрана да се внесува околу 75 отсто маснотии, 20 отсто протеини и пет отсто јаглехидрати. На овој начин доаѓа до забрзано губење на килограмите. 

Човековото тело црпи енергија од јаглехидрати, но ако го ограничиме внесот на јаглехидрати, телото енергијата ќе почне да ја црпи од мастите и на тој начин доаѓа до губиток на масно ткиво. 

Резултатите од истражувањата на швајцарски научници покажале дека кето диетата е од голема помош за личности кои се соочуваат со ризик од сериозни кардиоваскуларни болести, бидејќи ваквиот начин на исхрана може да им помогне за краток временски период да изгубат голем број килограми. 

Добри страни на диетата:

-Не гладувате

-Контрола на нивото на шеќерот во крвта (се намалува нивото на глукозата во крвта и оваа диета е погодна за дијабетичари)

-Брзо губење на килограмите - во просек килограмите се губат 2.2 пати побрзо отколку со други класични диети кои се однесуваат на комплетно намален внес на калории

-Поубав тен - поради намалениот внес на шеќери, кожата станува поздрава, а хормоните избалансирани, па доаѓа до чистење на лицето.

 

Лоши страни на диетата:

-Проблеми со црниот дроб - со зголемување на мастите се става и поголем пристисок на зголемување на црниот дроб

-Проблеми со бубрезите - слично како и за црниот дроб, бубрезите можат да бидат преоптеретени

-Констипација 

-Збунетост и вртоглавица 


За комплетни информации погледнете и ТУКА, а пред да започнете со најпребаруваната диета за 2019 година, консултирајте се со стручно лице. 

Објавено:
2 јануари 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.168 пати