Ким повторно се соблече!

28 ноември 2017

Нејзиниот маркетинг рецепт е: соблечи се...

Ким Кардашијан повторно се водеше по веќе проверената, карактеристична за неа, маркетинг стратегија и пак се соблече!

Овој пат целта е промоција на новите производи од нејзината козметичка линија KKW Beauty, Ultralight Beams хајлајтери и сјај за уста.

Голото тело на 37-годишната Ким за потребите на оваа рекламна кампања, е прекриено единствено со златен глитер, за што се погрижи нејзиниот мејкап артист Марио Дедиванович, кој пак на Инстаграм веќе објави дел од колекцијата како и фотографии од фотосесијата.

Фото извор: dailymail.co.uk

Објавено:
28 ноември 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.463 пати