Кога е вистинско време за крема против брчки?

25 декември 2013

face-cream-skin-beauty

Кога е вистинското време за користење на креми против брчки? Веројатно најточниот одговор би бил - кога ќе се појавата. Но, тоа не значи дека е пред тоа не треба да преземете одредени чекори за да ја заштитите кожата од бребрзото стареење. Во дваесетите треба да се преземат превентивни мерки, за да кожата во подоцнежните години ви биде наклонета.

Еве како треба да се грижите за својата кожа во согласност со годините.

Дваесетите...

01-11-13-Skin-care-woman-putting-face-cream-682x1024

Во овој период од животот не е потребно користење на класични креми против брчки, туку е важна превенцијата за на лицето да не се појават прерани знаци на стареење. Има две креми што во 20-тите се „must-have“ - хидратантна крема со заштитен фактор 30, која штити од UVA и UVB сончеви зраци. Се препорачува нејзино користење во текот на целата година.

Втората крема е хранлива хидратантна крема за ноќ, која ќе и ги даде на кожата хранливите состојки за брчките не се јават прерано.

Користење крема против стареење на кожата може да има и контра ефект од очекуваното. Имено, кожата во 20-тите има поинаква структура отколку во подоцнежните години, а една од предностите е еластичноста и има моќ на обновување, па не и треба дополнителна помош за производство на колаген. Потребна е редовна нега, доволно влажност и заштитен фактор. Користењето на кремите против стареење во некои случаи во таква рана возраст, може да предизвика појава на мозолчиња, сушење или претерано  маснење на кожата , црвенило и слични проблеми.

Трисетти...

beauty-skin

Поголемиот број жени кога ќе дојдат на оваа возраст, ги фаќа паника од првите изразени брчки, што е знак дека е време квалитетна крема против брчки. Потребна ви е крема што хидратира и има заштитен фактор 30, или повеќе. Се препорачува и лосион против брчки за зацврснување на кожата и секако и ноќна крема против брчки. Добредојдени се и лосиони и креми за пределот околу очите, кои со своите состојки ги измазнуваат борите и ги посветлуваат темните кругови околу очите, што се честа појава во таа возраст.

Исто така, се препорачува пилинг на кожата во текот на неделата, што дополнително ја чисти кожата од мртвите келии. Кога купувате креми обврнете внимание на состојките во кремите. Не купувајте крема само затоа што се рекламира на телевизија или затоа што има убава опаковка. Кремата или лосионот што ги купувате треба да има витамин Ц и/или Е, овошни киселини на калинка, јаболкови киселина, која помага во производството на колагенот и еластичноста на кожата.

Исто така, кремата би требало да има и алое вера или одредени видови гливи. Друг вид пак на крема би требало да има и хијалуронска киселина, липиди и аминокиселини како што се пептиди и церамиди, кои одржуваат кожата хидратирана.

Четириесетти и повеќе...

older-woman-with-jar-of-face-cream

Ако грижата за кожата ќе започне во 20-тите, во 40-тите, 50-тите и повеќе, вашата кожа би требало да има многу помалку брчки, отколку без нега. За жал, стареењето на кожата не може да се спречи, но може да се забави, што е и целта. Она во што во 40-тите и повеќе се разликува од 30-тите, е да се препорачува користење на кремите против брчки наменети за специфични проблеми, односно проблематичните делови, како и брчки на лицето или специфичните линии околу очите.

Исто така, на таа возраст се препорачува е користење и серум против стареење на кожата, кои се поскапи, но поради концентрациите на состојките, се добро дополнување на кремите. Барајте се што сте барале во кремите во 30-тите, но немојте да штедите на добра крема.

Како уште можете да го спречите прераното стареење на кожата?

  • со престанување на пушење
  • помалку стрес
  • здрава прехрана
  • редовна телесна активност
  • доволен дневен внес на вода
  • избегнување на брзи диети
  • повеќе сон
Објавено:
25 декември 2013
Категорија: 
Убавина