Кога нема да ја скратиш косата цели 14 години...

3 август 2017

Современата Златокоса живее во Русија, се вика Дарија Губанова и не ја скратила својата коса повеќе од 14 години. Во поголем број од случаите, ако косата континуирано расте 14 години, би било трагично, но во нејзиниот случај е спротивно.

Има убава, здрава и негувана коса со должина над еден и пол метар. Некои и се воодушевуваат, за други пак ова е бизарно. Но, како и да е, фасцинира фактот што и покрај оваа невообичаена должина, нејзината коса изгледа совршено здраво, па најчесто поставувано прашање е како ја одржува.

На ова таа одговара дека пред се е благодарна на добрите гени, но истовремено нагласува дека никогаш не користи шампони кои содржат хемиски состојки. Наместо нив, косата ја мие исклучиво со шампони на природна база чиј рецепт го добила од нејзините мајка и баба. Фризер посетува често, но единствено за да ги скрати врвовите од косата.

Благодарение на својата коса, таа е феномен и атракција и на Инстаграм со 220.000 следбеници.

Фото извор: Инстаграм

Објавено:
3 август 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.701 пати
Тагови: 
коса Инстаграм