Кога треба да се ослободите од козметиката?

18 ноември 2014

Кога мејкап артистот на Бијонсе и Џоан Смолс ќе сподели некои од неговите големи тајни, девојките ширум светот полудуваат! Тоа е и сосема оправдано, ако го земеме во предвид фактот што тој е еден од најдобрите визажисти во светот кој умее да направи светските диви речиси секогаш да блескаат. Последна во низата тајни што тој ја открива специјално за неговите обожавателки, е рокот на траење на козметиката што толку многу ја обожуваме.

-Хидратантна крема

Запомнете: Хидратантните креми, серумите, средствата за чистење лице и кремите за околу очи, траат само шест месеци! Ова не е случај, доколку ваквите производи содржат киселини како на пример гликолична, салицилна или бета хидроксилна киселина, поради кои тие имаат подолг рок на траење. Создадете си навика кремот за околу очи да го чувате во фрижидер. Ќе се чувствувате уште поубаво кога ќе почувствувате свежина на очите.

-Пудра

Пудрата, Бе – Бе кремите, Це – Це кремите и коректорот – траат од шест месеци, до една година! Добра проценка за тоа кога би требало да се ослободите од овие производи, е тогаш кога ќе забележите дека тие се одвојуваат во шишенцето. Бидете внимателни, одвојувањето во шишенцето може да се случи и доколку овие производи ги изложите на топлина.

-Маскара

Рок на траење – 90 денови! Маскарата е впрочем и производот со најкраток рок на траење во козметичкиот арсенал. Во малото шишенце маскара, најбрзо можат да се наталожат огромен број бактерии, кои што дефинитивно не ви се потребни околу очите.

-Туш

Рок на траење – од четири до шест месеци!

-Руменило

Рокот на траење на секој еден вид руменило или сенка за очи е од две до три години. Во зависност од квалитетот, сенките за очи можат да траат и до седум години, со што тие се издвојуваат како производи со најдолг рок на траење во козметиката.

-Кармин

Моливот за усни и карминот во просек траат од две до три години.

-Сјај за усни

Рок на траење – не повеќе од една година.

П.С Запомнете: Доколку било кој од горенаведените производи ви мириса или изгледа чудно, или пак текстурата на истите не е таква каква што треба да биде, без двоумење ослободете се од истиот!

Објавено:
18 ноември 2014
Категорија: 
Убавина