Кои намирници се добри за зајакнување на имунитетот?

10 март 2020

Добриот имунитет има значајна улога во превенцијата од различни инфекции и вируси.
Затоа посветете внимание на негово зајакнување и одржување.

Еден од начините тоа да го направите, е во вашата исхрана да внесувате намирници кои се посочуваат како корисни за таа намена.

Секако треба да имате во предвид дека не постои магична формула со која „преку ноќ" би го зајакнале имунитетот, но добро и корисно е да се знае кои намирници со редовно консумирање ќе ви помогнат во тоа.

Јогурт

Покрај тоа што е вкусен, јогуртот е и корисен во зајакнувањето на имунитетот. Јогуртот содржи живи млечно-киселински бактерии. Овие бактерии вршат ферментација при која лактозата се претвора во млечна киселина, а, пак, млечната киселина позитивно влијае врз цревата и го зголемува искористувањето на калциумот и фосфорот.

Овесни трици и јачмен

Овесните трици и јачменот имаат бројни предности, а меѓу нив е и зајакнувањето на имунитетот по природен пат. Овие житарици содржат бета-глукан кој има антибактериско и антиоксидантно дејство. Истражувањата укажуваат на тоа дека овие намирници ги намалуваат шансите да се заразите од грип, да добиете херпес, а го забрзуваат и зараснувањето на раните.

Лук

Веројатно многу пати до сега сте слушнале дека лукот е ефективен во борбата против настинките и грипот. Причината е состојката алицин, што лукот ја содржи во изобилство. Оваа состојка се бори против сите врсти на инфекции и микроби. Лукот може да го користите и како зачин во салатите, со што консумацијата ќе биде уште повкусна.

Школки

Школките се богати со селен и цинк, кои пак им помагаат на белите крвни зрнца да произведуваат цитокини кои се борат против вирусите. Доколку не сте во можност да набавите школки, тогаш во исхраната може да користите и суплементи богати со цинк и селен.

Чај

Наместо кафе, напијте се природен чај. Се разбира, без шеќер.

Фото: Pinterest

 

Објавено:
10 март 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.457 пати