Кои се ултимативните трендови за есенски физури?

23 септември 2014

Откако изминатата сезона светските модни писти ги поставија трендовите за тековната есен-зима 2014-та, односно акцентот го ставија на 60-тите години, а неодамна истото го потврдија и македонските дизајнери од нашите содржини, јасно е дека и фризурите ќе се движат во истиот фазон.

 

Иако во неколку наврати поединечно сме издвоиле дел од есенските трендови за фризури, овој пат правиме спој на сите комплетно. Треба да бидете сигурни дека повеќето од фризурите се изведени на најлесниот начин во границите на природното без никакво оштетување. Токму неодамна пишавме дека платинесто сребрената нијанса како и виолетовата во однос на боите се оние што владеат, ама за оние похрабрите девојки кои често сакаат да експериментираат и да се издвојуваат од толпата.

 

Сепак, најголемиот број од трендовите важат за оние што преферираат средена фризура, но едноставна и лесна за изведба.

 

Па така, со стартот на есента се потсетуваме на фризурите како: пунџите, ниското коњско опавче, таквиот со вметнати текстури, неизбежните плетенки итн... Во продолжение погледнете ја галеријата и пронајдете некоја новина за вашата коса.

 

Објавено:
23 септември 2014
Категорија: 
Убавина