Креаторите на францускиот бренд M.Micallef го промовираа новиот парфем во парфимеријата Anabella

20 септември 2017

Вчера, за прв пат во Македонија, Скопје имаше можност да ужива во невообичаена промоција на новиот парфем Ananda Tchai од колекцијата парфеми на престижниот француски бренд M.Micallef.

Настанот се одржа во парфимеријата Anabella во центарот на градот, каде беа присутни и самите креатори на брендот M.Micallef, брачните партнери Geoffrey Nejman (експерт за парфеми) и Martine Micallef (дизајнер и уметник) кои го презентираа новиот парфем од линијата на M.Micalleff, Ananda Tchai.
На вчерашниот настан имавме чест да се запознаеме не само со креаторите туку и со нивната љубовна приказна благодарение на која е создаден овој бренд.

Настанот беше од затворен тип, на кој присуствуваа популарни личности од јавната сцена, како новинари, уредници и блогери, а љубезните и позитивни Geoffrey и Martine како вистински професионалци со задоволство ја раскажаа својата приказна на присутините.

Основани во Грас, Франција, парфемите со потпис M.Micallef претставуваат скапоцена и софистицирана линија. Од моментот на креирање на мирисот, се до моментот на креирање на шишето Micallef, раскажуваат извонредна приказна за секој производ посебно.

Гостите добија персонализиран подарок парфем Ananda Tchai гравиран со нивното име, лично од Martine.
Парфемот Ananda Tchai, ве носи на сензуално и романтично патување во срцето на азиската градина на имагинацијата.

Флорален парфем спакуван во карактеристично шише Ananda, во килибарни и бронзени тонови украсен со Сваровски кристали и златно капаче.

Мирис: Волшебено цветно-ориентален, топло-ладен мирис. Како нежна магла, магичната врвна мирисна нота пренесува свежина, која се преобразува во богат зачинет букет (зелен чај, хелиотроп, мускатно оревче, темјан, бибер, иланг-иланг и роза).

Базните ноти полека се развиваат за неколку часа кои оставаат дрвенест мирисен траг, со вкус на ванила и килибар, што го потпишува крајниот израз на овој брилијантен фасцинантен мирис.

Како врвна софистицираност на овa оригинално богатство, кое совршено легнува на дланката, е спектакуларното капаче кое евоцира на егзотична архитектура и пркоси на гравитацијата.

Овој парфем претствува вистинско уметничко дело.

Парфемот може да го најдете во парфимеријата Anabella во центарот на градот.

*Спонзорирана објава

Објавено:
20 септември 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
439 пати