Кристина Агилера за првпат без грам шминка на насловна на „Пејпр магазин“

27 март 2018

Најновото издание на магазинот „Пејпр“ го краси Кристина Агилера и тоа без грам шминка. Пејачката, која е препознатлива по тоа што секогаш носи силна шминка, овој пат се согласи да ѝ се направи комплетна трансформација, па ја гледаме и со и комплетно без шминка.

На сцената е 20 години, а јавноста за првпат ја гледа во такво издание

Освен фотографиите, зад кои се потпишува Зои Гросман, 37-годишната пејачката зборува и за различни периоди од животот и промените што ги доживеала.

Отсекогаш бев некој што сака да експериментира, што ја сака театралноста, создавањето приказни, а посебно уживуав во глумењето на некој лик во видео записите или на сцената. Јас сум изведувач. Но, во исто време, тоа што го работам е дава едно ослободувачко чувство, да бидете и тоа што никогаш не сте биле, но и да го цените тоа кои сте и вашата „сирова" убавина.

Самодовербата вели доаѓа со годините. Денес има 37 години, а кога се појави за првпат со „Genie in a Bottle" имаше 17 години. За овие 20 години, номинирана беше 18 пати за „Греми", освои пет, оствари тираж од преку 50 милиони ширум светот, се појави и на филм и тоа со Шер, се појави како судија во „The Voice", помина низ развод, ја најде љубовта повторно со свршеникот Мет Ратлер и стана мајка на Макс Лирон (10) и Самер Реин (3).

Родена е во Њујорк, на 18 декември 1980 година, а детството не ѝ било ни малку лесно. Нејзиниот татко, Фусто и мајката Шели Лореин не успеале да создадат идилична семејна приказна. Напротив, Кристина е сведок на домашно насилство, за што отворено зборувала во повеќе наврати.

„Ја гледав мајка ми како мора да се потчини, инаку, во спротивно ќе беше претепана. Кога гледате такви ситуации, или ќе бидете оштетени, што ќе тргнете по уште полош пат, или ќе ве направи посилни и ќе посакате никогаш да не се вратите на такво нешто. Мразам кога луѓето ќе ми кажат „Зошто мајка ти едноставно не си замина?". Се работи за сериозни психолошки оштетувања и ментално злоставување, кое е често кога се такви ситуации во прашање. Голем број од луѓето не знаат како да излезат од таквата ситуација", објаснува пејачката.

Кристина излегува посилна од ваквото опкружување и атмосфера. Позната е што се залага за ЛГБТ заедницата, за што ќе добие и награда во 2003 година.
Низ годините шокираше со изгледот, од стилот за видеото „Dirty", до изгледот дива од Златното доба на Холивуд.

„Не можам да стојам во место. Ми треба движење, истражување, можност да бидам уметник, да креирам и да се трансформирам. Во животот мора да се поврзеш со вистинските луѓе, кои ќе внесат нова енергија. А мораш и да ја совладаш способноста да се ослободиш од многу работи што те повредуваат. Тоа е голема работа", посочува Агилиера.

Вели, денешните уметниции не предизвикуваат големи реакции, бидејќи денеска ретко што е контроверзно.

„Во времето кога јас се борев на сцената, мојата појава беше интересна и контроверзна на моменти. Денеска жените или не се доволно секси, или не предизвикуваат доволно фантазија, но од друга страна, или сме премногу сексксулано експонирани, па се срамиме од тоа. Јас сум горда на мојот „Dirty" период и покрај критиките кои ми беа упатувани. Мадона поминуваше низ истото, правеше револуција за новите генерации", потенцира Кристина.

За тоа каков совет би ѝ дала на ќерка си, ќе каже:

„Не сакам премногу да ѝ влијаам. Јас го одбрав мојот живот и мојата кариера. Сакам и таа да има можност да го избере нејзиниот. Се надевам дека ќе влијаам врз тоа да биде своја личност. Тоа ѝ го посакувам. Сакам да бидам сигурна дека двете мои деца ќе имаат самодоверба, во смисла да знаат кои се и од каде доаѓаат, за да не бидат лесно подводливи од надворешните мислења. Секогаш ќе постои добро и зло, темнина и светлост", вели пејачката.

Според неа и модната индустрија и козметичката исто така напредуваат.

„Секогаш ќе постојат зајадливи коментари од луѓе кои имаат своја дефиниција или идеја за тоа што е убаво, но мислам дека прогресираме и сè повеќе луѓе не се срамат од својот идентитет во било која смисла".

Објавено:
27 март 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.557 пати