Ланком мејкап шоу со Ивана Лисак

28 ноември 2016

Познатата мејкап артистка Ивана Лисак, минатата недела пред македонската публика преку интересно мејкап шоу презентираше неколку ултимативни мејкап трендови со производите на престижниот козметички бренд Ланком.

Во пресрет на празниците, Лисак презентираше неколку впечатливи мејкап варијанти што вклучуваат поинтензивна шминка, како „smokey eyes" и нагласени усни, но и такви кои што се соодветни за дневен или деловен изглед и вклучуваат природни нијанси и посуптилна шминка.

''Што се однесува до мојот пристап кон шминкањето, иако работам се и бескрајно уживам во креативниот дел од мојата работа, она во што најмногу уживам длабоко е поврзано со Lancome. Во брендот ми се споија идеалните бои, текстури и мириси и секогаш имам чувство дека токму Lancome ја црпи целата креативност од мене. Мојата мотивација за оваа работа се самите жени. Секогаш во мислите ми е секојдневната жена која наутро се подготвува за својот ден и која го сака тој мал ритуал на шминкање, а јас сум тука да и го олеснам или забрзам тој процес. Она што неколку пати сум го споменала... ги обожавам оние мали љубовни приказни помеѓу жената и нејзината шнинка и се чувствувам привилегирано кога би била дел од тој процес'', вели Лисак која инаку е официјален мејкап артист на Ланком за регионот.

Во своето мејкап шоу пред домашната публика, таа користеше неколку основни производи од Ланком.

Juicy Shaker (Обоено масло за усни)

По Juicy Tubes, кои важеа за револуционерен изум во 2000 година, Ланком ги создава Juicy Shaker, производ кој ги крши сите правила преку своите разиграни бои кои треба да се растресат пред употреба.
Што го прави производот толку уникатен? До сега невиден начин на нанесување, двофазна формула која е микс од обоени пигменти и масла кои негуваат, и уникатен апликатор... А резултатот се интензивни и вибрантни блескави бои, нежна и нелеплива текстура. На кратко, ова е тотално зависен производ, сензација за забавните и шик девојки и додаток од кој никогаш нема да се уморите...

Teint Idole Ultra Cushion (Високо покривна пудра)

Ланком не запознава со својот најнов производ, нов технолошки предизвик наречен Teint Idole Ultra Cushion. Производот е комбинација од новата генерација на мекото перниче, свежината и ултра софистицираната покривност на еден најпознатите пудри на Ланком.

После Cushion Blush Subtil ( руменилото за лице), следи Teint Idole Ultra Cushion. На овој начин Ланком продолжува да ја задоволува секоја потреба на современата жена и ги прави безгрижни.
Нова пудра која го чека својот патент Cushion Polar™.
Пудрата е создадена за да се адаптира на кожата, да и даде кремаста текстура и висока покривност. Со оваа пудра секоја желба за висока покривност на жените е задоволена. Тајната на овој производ е веќе постоечкиот мек сунѓер покриен со невидлива мрежа.

Grandiose liner (Очи од поинаква перспектива)

Ланком уште еднаш ги поместува границите и го претставува Grandiôse Liner, револуционерен туш за очи инспириран од техниките кои ги користат мејкап артистите. Ги моделира сопствените правила, благодарение на суптилната техника и неверојатната флексибилност при нанесување.
Ова чудо на технологијата вклучува вратило кое овозможува виткање на апликаторот до 35 степени и овозможува досега невидена флексибилност при нанесување. Нова густа, транспарентна и целосна мат формула го интензивира погледот и создава исклучително храбри линии.

L'Absolu Rouge

„Карминот треба да блеска како скапоцен накит." Со оваа изјава, Armand Petitjean., основач на Ланком, го постави тонот уште во 1937 година. Легендата за L'Absolu Rouge се градеше врз таа основа од 1990 година. Вистинска икона, симболичниот Ланком кармин се менуваше во текот на годините, прилагодувајќи се на потребите на жените и постојано нудејќи им слобода да ја изразат ослободувачката, радосната и позитивната убавина. Денес, 25 години по неговото создавање, L'Absolu Rouge повторно се открива, станувајќи уште повеќе скапоцен, женствен и изненадувачи од било кога. Неговата палета на нијанси никогаш не била толку впечатлива и привлечна. Секоја нијанса е сместена во ново, ултра-атрактивно пакување, трибјут на скапоцените кутивчиња креирани од страна на Armand Petitjean.. Со скапоценото пакување што сјае уште повеќе, Lancôme го зачувува својот дух на совршенство и убавина.

Создаден во 1935 година од страна на визионерот Armand Petitjean со цел да го промовира францускиот стил и вкус низ целиот свет, Ланком секогаш бил олицетворение на современата убавина. Бренд во кој фигурира одличното, совршениот мирис за нега на кожа, и шминка кои одат рака под рака. Од своето создавање во 1935-та година, Ланком ја открива убавината на жените од целиот свет и им помага да донесат што повеќе убавина во својот живот, без разлика на нивната возраст, стил и боја на кожа.

Објавено:
28 ноември 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
327 пати