Лековитото дејство на таману маслото

30 мај 2013

Името Calophyllum inophyllum доаѓа од грчкиот јазик што значи „убав лист”. Стеблото може да порасне од 25 до 30 метри со долги гранки, со светли листови и бели цветови. Кога ќе се соберат и отворат плодовите, на површина излегува средишниот жолтникав дел, за кое не би поверувале дека може да содржи толку голем процент на масло. По месец дена сушење добива темно смеѓа нијанса, а во него маслото има богата текстура и зеленкаста боја. Луѓето од Пацификот го користат маслото во лечење на рани, исекотини, убоди од инсекти, херпеси,  хемороиди, чиреви, ревматски болки, воспаление на грлото и очите, акни, сончаница, пневмонија или пак во одржувањето на меката кожа кај бебињата, со цел спречување проблеми поради константното носење пелени. Таману маслото е драгоцена состојка во козметичката индустрија и важен додаток во регенеративните препарати. Позитивно влијае во спречување на опаѓање на косата, испуканите усни, кожните алергии или старечките пеѓи. Жените во Полинезија го користат во одржувањето на цврста и здрава кожа, како и во борбата против стриите.

Таману маслото е одличен пример за традиционален лек кое го привлече вниманието на светската јавност поради благотворното дејство, но и поради исполнување на трите основни услови: здраво е за корстење, берењето на неговите плодови не ја уништува околината и ја потикува локалната економија на месното население.

Објавено:
30 мај 2013
Категорија: 
Убавина