Лесна тренди фризура за 15 секунди

10 март 2016

Оваа креативна девојка започна со работа на својот блог веднаш по завршувањето на стручното образование, а праксата ја стекнала работејќи долги години по фризерски салони, пишува modamo.info.

Сара Ангус за многу кратко време стана вистински хит на социјалните мрежи, благодарение на нејзината способност за многу кратко време да направи супер фризура и притоа истото да им го покаже на девојките.

„Најубавата работа во врска со тоа да се биде жена, е можноста постојано да имате различен стил и изглед. Косата е дефинитивно симбол на женственоста. Она што јас го сакам е да им помогнам на девојките ширум светот постојано да си прават различни фризури. Тоа е и причината што почнав да ги снимам овие видеа од 15 секунди и да ги поставувам на мојот Инстаграм профил“, вели Сара.

Освен на Инстаграм, Сара своето знаење со жените го споделува и на нејзиниот блог каде ќе дознаете многу совети за косата и за стилизирање на истата.

Едноставните чекори што таа ги предлага е многу лесно да ги следите, а сето тоа можете да го следите на нејзиниот Инстаграм профил.

Објавено:
10 март 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
6.163 пати