Летен smokey eyes изглед во сиви тонови

12 јули 2013

 

Во лето ви предлагаме полесна алетернатива на таканаречените затемнети очи (smokey eyes), во која доминираат сиви тонови, а за пример ќе ја земеме шминката што Оливија Палермо ја имаше кога гостуваше на ревијата на висока мода на Диор пред неколку седмици во Париз.

На лицето прво нанесете го вашиот омилен BB крем кој е одлична летна замена за течна пудра. Тенот матирајте го и фиксирајте го со камена пудра.

 

 

 

 

Внатрешниот раб на окото дефинирајте го со сив молив со мека текстура. Капакот на окото нагласете го со две нијанси на сива, внатрешниот дел нашминкајте го со средна нијанса на сива светкава сенка, а надворешниот со антрацит-сива боја. Нанесете темна сенка и на работ на долниот капак. Очите финиширајте ги со маскара.

Усните истакнете ги со кармин во беж боја.

 

 

 

 

Објавено:
12 јули 2013
Категорија: 
Убавина