Месец јуни го дочекавме со високи температури какви што впрочем се потребни за и официјално да го означиме почетокот на летото.

Омилените Cosmo Tinex дрогерии имаат нов каталог со специјални попусти и акции кои важат во текот на цел месец јуни.

Јуни е месец на Џими Чу, па така ќе можете да ги најдете сите прекрасни парфеми на неверојатен попуст од дури 25 проценти.

Намалување од 25 проценти ќе има и на брендот Ели Сааб чии неодоливи производи секогаш ќе бидат едни од омилените на девојките.

Доколку месецов имате некоја причина да го изненадите саканиот, или едноставно сакате да му подарите нешто без причина, во Cosmo Tinex дрогерии ќе најдете попуст од 25 проценти на целиот бренд Марк Џејкобс, а и супер цени на многу други брендови.

Она што не смеете да го пропуштите е акцијата на Clinique каде за два купени производи од сончевата линија, ќе добиете подарок чанта или несесер.

Како и секој месец, така и овој, во Cosmo Tinex ќе ја пронајдете вашата омилена декоративна козметика по намалени цени, но и голем дел од козметиката за нега која е особено неопходна во лето.

Веќе е време да почнете да се подготвувате и за најубавите летни годишни одмори со вистинската козметика за вас и вашето семејство која ќе ја најдете по супер цени токму во продавниците на Cosmo Tinex.  

Објавено:
5 јуни 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
991 пати