Летни фризури со тенка сатенска лента

1 август 2017

Во лето особено ни е значајно да имаме практична фризура. Тоа не значи дека ја игнорираме фината, естетски обликувана коса, туку бараме рационален начин како да добиеме сѐ во едно.

Ние имаме еден фантастичен предлог: украсна сатенска лента за коса.

Покрај тоа што ќе ви помогне на едноставен начин да ја фатите косата во опавче или сплетате во плетенка, тенката лента е елегантен детаљ со кој ќе и дадете впечатлив, ретро изглед на фризурата.

Притоа овој естетски моден додаток може да го користите за секојдневните летни фризури, но исто така може да го искористите и за некоја свечена прилика.

Изгледа урбано, несекојдневно, се постигнува одличен визуелен ефект, а сепак се применува многу едноставно.

Фото: Pinterest

 

Објавено:
1 август 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
590 пати