Летово носиме неонски сенки

1 јуни 2018

Со топлите температури некако се крева и нашето расположение, па полека се откажуваме од јаките црни тонови кога е шминката во прашање.

Ова лето, ги обожаваме јаките неонски тонови кои дефинитивно ќе ја разубават секоја ваша комбинација и ќе му дадат една поинаква, разиграна димензија на топлото лето.

Откажете се од дебелите слоеви пудра и единствено нанесете малку коректор и јака сенка за која дефинитивно треба малку храброст, но на крајот изгледа совршено во лето.

На многу ревии сезонава имавме можност да видиме токму ваква шминка која дополнително ги разубави креациите.

Познатите мејкап артисти ќе кажат дека девојките сезонава треба да бидат храбри, силни и да си играат со боите кога е шминката во прашање.

„Онаа шминка што ја гледаме низ Инстаграм со многу слоеви пудра е ужасно лажна. Жените конечно сакаат да престанат да ја користат шминката како маска“, вели познатиот шминкер Томас де Клујвер.

Тој вели да се инспирираме од Зиги Стардаст и да покажете што знаете, креирајќи разни форми на очите во јаки бои што ги обожавате.

Не плашете се и да ги истакнете усните во јаки бои како портокалова, јака жолта или розова, со тоа што помалку акцент ќе ставите на очите.

Во галеријата погоре имате неколку примери за инспирација, а истите можете да ги пробате уште овој викенд.

Извор: Вог

Фото: Пинтерест

Објавено:
1 јуни 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
313 пати