Листа на најпродавани парфеми

13 мај 2013

Доколку сте „навлечени“ на опојните мириси на луксузните парфеми, ќе ве заинтересира оваа топ листа која ги открива најпродаваните и најбараните на пазарот.

 

BALENCIAGA Florabotanica 

Овој парфем е олицетворение на духот на куќата Баленсијага, а како што наговестува и самото име се однесува на ботаничка градина полна со егзотични билки и ретки видови цвеќиња. Шишенцето на овој мирис содржи графички и архитектонски елементи со црно-бели линии, кои се типичен пример за богатата модна историја на брендот. Сржта на парфемот е мешавина од мирис на ружа и нане, а во комбинација со ветиверот како состојка, се создава спој на изненадувачки моќен металик-ефект.

 

CALVIN KLEIN Encounter

Овој мирис е како создаден за мажи кои знаат што сакаат и држат се под контрола. Интригантен и заводлив, овој парфем во својата природа спаѓа во групата на дрвенасти мириси, а всушност претставува спој од мешан свеж зачин, топол коњак и сензуални ноти на шума. Контрастот на свежина и топлина прават овој мирис да биде препознатлив израз на машка нескротливост. Ова шишенце е направено од цврсто, квалитетно и тешко стакло со оригинален дизајн. Навидум едноставно, но луксузната надворешна опаковка навестува дека постои нешто неоткриено и тајно под површината.

 

CHLOE Chloe See

Наменет е за девојки кои ја негуваат природната елеганција, девојки кои се разиграни и насмеани, урбани и самоуверени. Смело мирисно изненадување се крие во внатрешноста на овој парфем кој истовремено се потхранува со неодолив цветен мирис. Нотите од бергам ги будат сетилата, а пак цветовите од јаболко и јасмин во комбинација со мирисот од ванила и сандалово дрво уште повеќе ја разгоруваат сензуалноста на овој парфем. Идеален за сите весели и спонтани девојки кои не се плашат да експериментаат.

 

CHLOE Chloe 

Уште еден од низата парфеми со потпис на веќе позната куќа Клое, кој овојпат ја открива креативната и самоуверена индивидуалност кај жената. Свеж и женствен мирис, совршен за жени со слободен дух и со вродено чувство за елеганција. Ослободената есенција од палета на комбинации со цветни ноти, како божур и љубичица е комбиниранасо прозрачните и кокетни мириси кои се претопуваат во уште посензуалниот мирис на роза, која го збогатува срцето на самиот парфем. За да ја достигне својата кулмиранија, освен ноти на роза внатрешноста, мирирсот го красат и екстракти на магнолија, лилјан, килибар и кедар.

 

DAVIDOFF The Game

The Game е најновата тоалетна вода на брендот. Овој нов и отмен мирис е дизајниран за оние кои сакаат да ја истакнат својата харизматичност, вештина и умешност во заведувањето. Дизајниран е од Бернар Елена во соработка со стручниот и креативен тим на Давидов. И припаѓа на групата дрвенести парфеми. Единствената нота на gin fizza, во основа ги има плодовите од боровница и едноставно ги заслепува сетилата. Впечатлива и сензуална нота на ирис во горниот слој од парфемот која продолжува со црно дрво кое ја формира главната нота и на самиот мирис му дава елемент на карактерстична елеганција. Единствен спој на сензуалност и животен контраст за смели и храбри мажи.

 

JOOP Homme Wild

Од оригиналниот Joop Homme парфем од 1989година, потекнува Joop! Homme Wild. Неговиот денешен наследник е многу по храбар и директен, бидејќи како целна група ги има слободоумните и провокативни мажи, кои не се плашат да ризикуваат. Мирисната композиција е еден своевиден контраст кој воедно ги спојува розовиот бибер, рум, шумски ноти и бел тутун.

 

ROBERTO CAVALLI Just Cavalli

Овој секси провокативен парфем на Роберто Кавали го претставува повикот на дивината во градската „џунгла“. Наменет е за млади и енергични девојки кои му се верни на стилот на Кавали. Just Cavalli жената нема страв да биде своја, разиграна, сензуална, таа е заводничка која сака да продре длабоко и да ги заинтригира туѓите погледи. Овој мирис е со цветен состав. Содржи заслепувачка почетна нота од есенцијално масло цвеќе од портокал кое продолжува со магичен спој на тахитски цвет во средина и завршува со кремаста нота од розово дрво кое му дава енергија и отменост на самиот парфем. Свеж, интензивен и примамлив, Just Cavalli е дефинитивно мирисот на младоста и заведувањето.

 

CHLOE Love, Chloe 

Женствен и со софистициран мирис Love, Chloe е лансиран изминатата година, како наjнова принова во фамилијата на парфеми на Клое. Зрачи со свежина повеќе од кое било издание до сега. Свежината се должи на нотите од озон како и на цветниот мирис на сладок грашок и ливчињата од зелен чај, давајќи му една пенесто густа формула која прави кожата да дише. Единствен го прават неговото шишенце во облик на чиста силуета со префинети детали и бледо розовата боја која е одлика на самиот парфем.

 

MARC JACOBS Dot 

Инспириран од љубовта спрема точките, Dot го има своерачниот потпис на омилената Џејкобсова тема, почнувајќи од неговата прва колекција, па се до денес. Округлиот облик кој предизвикува невообичаена радост е икона на шарм и елеганција, модерен несекoјдневен мотив кој е енергичен и полн со живот. Овој сочен цветен мирис како горни ноти ги крие црвените бобинки и орловите билки, во срцето царува јасминот, придружуван од кокосовата вода и портокаловата боја, додека базата ја сочинуваат состојки од ванила и дрво на мошус.

 

 ROBERTO CAVALLI Roberto Cavalli 

Жената што ја замислува Роберто Кавали е како и обично сексапилна, енергична и нескротлива, таа умее да си поигрува со гламурот и харизмата. Со подеднакво силен карактер пулсира и овој парфем на италијанскиот дизајнер. Лансиран во 2012 година, парфемот се базира на цветни ноти од портокал и нијанси на розов бибер со примеси на ванила. Златниот леопардов принт и круната на шишето промовираат гламур, убавина и софистицираност.

 

Објавено:
13 мај 2013
Категорија: 
Убавина