Љубовни „рецепти“ со неодоливи ароми од Lush за денот на вљубените

28 јануари 2019

Првиот месец во годината го испраќаме опуштени, после толку многу миризливи бањи со купките на Lush, кои имаат ефект на арома терапија.

„Со позитивен став и широки насмевки го чекаме Февруари – месецот кога симболично ќе наздравиме за Љубовта. Св.Валентин е еден од оние празници кога се слави добрината, љубовта и позитивните емоции. А впрочем, на светот му е потребно многу повеќе љубов, за да биде убаво место за живеење", велат нашите пријатели од козметичкот бренд Lush.

Ова се дел од нивните љубовни инспирации што ќе му дадат посебен шарм на денот на вљубените...

Јаболките од Adam'a Apple таблетките за плакнење на уста, заедно со лимонот ќе направат експлозија од овошна свежина во вашата уста.

Адам не може без својата љубена, па затоа го создадовме и Eve's Cherry шеќерниот пилинг за усни, со многу цреши и какао путер. Вашите усни се свежи и спремни за долги бакнежи...

Новите шумливи купки се едни од најзабавните производи овој Валентин.
Запознајте се со шумливата купка Aubergine во форма на модар патлиџан. Ви гарантираме дека ќе биде омилен подарок за понежниот пол, а и за оние кои не се толку нежни... Другата љубовна шумлива купка е Peachy. Доволно провокативна за да сакате да ја пробате оваа праска.

Доколку сакате задоволство во кое ќе уживате заедно со вашиот партнер, топло го препорачуваме The Big Banana путерот за тело, што ќе ви овозможи обострано задоволство. Нека вашата кожа потоне во овој неверојатен путер со свежи и органски банани...

Вашиот партнер за вас е единствен, уникатен, само ваш. Зошто тоа не му го покажете на најоргинален начин? Како мислите, кој е тој начин? Еден збор Unicorn Horn. Пенлива купка за во када, со опојна лаванда, виножито и пастелни бои. Доловете му ја неговата уникатност и оставете го да се растопи од емоции.

Секогаш постои некој на кој сакаме да му кажеме "Благодарам". Затоа и ја направивме оваа пенлива купка на која што пишува "Thank you". Love Token е нејзиното име, а ќе ве одведе во една борова шума за длабока релаксација.

За крај, можете целосно да го отворите своето срце некому со пенливата купка Open Your Heart . Разголете ја вашата душа со саканиот, уживајќи во пена со мирис на медена круша.

Да не ги заборавиме и подароците.

Bananarama е сет од овошни производи, кои даваат свежина, мирисаат на пролет, а ја оставаат кожата нежна и нахранета. Овој комплет содржи: Avocado Was гел за туширање кој е полн со освежувачко и хидрирачко авокадо, The Big Banana путер за тело со масло од бразилски портокал и органски банани, Love Island пилинг за тело со морска сол, масло од јасмин и масло од бергамот.

Happy Hour е освежувачки подарок, кој содржи повеќе производи. American Cream гел за туширање со свежи јагоди и сок од портокал, Eve's Cherry пилинг за усни со цреши и какао путер, The Big Banana путер за тело кој веќе го спомнавме, со органски банани и масло од бразилски портокал и Peachy шумлива купка за во када, совршен љубовен десерт за со љубената особа.

Knicker Blocker Glorious е преубава комбинација од American cream гелот за туширање и American pie регенератор за тело.

Сакајте се и грижете се за себе и за саканите!

Објавено:
28 јануари 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
787 пати