LUSH ги има најмиризливите цврсти шампони без пакување!

14 мај 2019

Уште од првите денови на LUSH се прават цврсти шампони, пред сè бидејќи немаат  конзерванси, а во исто време се заштедува на непотребното пластично пакување кое би значело  и повисока цена. 

Ова се едни од најефикасните „чистачи“ и негувачи кои некогаш сте ги употребиле. Пронаоѓачи на овие шампони се Хелен Амбросен, Мо и Марк Константин. Тие многу внимателно работеа на оваа формула сè со цел шампоните да одговораат на вашите потреби, а притоа да ги решат проблемите со косата. Цврстите шампони не содржат конзерванси, немаат пакување и се лесни за транспорт секаде каде што ќе ви биде потребно. Тие се победник на "THE BEST GREEN PACKAGING AWARD 2008". Нема по „зелено“ пакување од тоа да се биде без пакување!

Godiva -  Црвст шампон и регенератор 

-Божица за косата. Овој шампон ја чисти и регенерира косата со масла и путери од јаткасти плодови, а потоа ја остава косата полна со мирис на јасмин. Во него има многу путери и масла за покрај регуларното миење да добиете регенерирана и омекната коса, какао путер, купуаку путер, шеа путер, масло од камелија, ладно цедено кокосово масло. 

New – Шампон против опаѓање и потикнување на раст 

Не само што не е нов, туку е и нашиот најпродаван шампон! Полн со цимет, каранфилче и коприва, го стимулира скалпот, ја потикнува циркулацијата, со што го спречува опаѓањето и го потикнува растот. Со овој шампон магично ќе ви порасне косата! 

Soak and Float – Шампон против првут 

Ако долго време ве мачи сува кожа и првут, како и здодевното чешање... Овој шампон содржи масло од рози и ливчиња од невен што делуваат смирувачки на скалпот, додека маслото од смрека балансира. 

Seanic – Шампон за волумен 

Овој шампон со неодолива сина боја содржи состојки од морето: витамински богата ирска морска трева, морска алга Нори која омекнува и морска сол која дава волумен! Лимонот и цветот од портокал темелно ја прочистуваат косата, а мимозата и јасминот даваат неверојатен мирис. 

Lullaby – Цврст шампон за деца 

Смирувачка комбинација од камилица, мелени бадеми, лаванда и овесно млеко, за нежна детска коса. Содржи и разведрувачко масло од нероли. 

Jumping Juniper – Цврст шампон за масен скалп 

Кажете збогум на масниот скалп! Смреката го регулира природното лачење на серум кое што е виновно за брзо мастење на косата. Лавандата го смирува скалпот. Маслото од лимон дава сјај и длабински чисти. Содржи и антибактериско масло од рузмарин. 

Ова се  само дел од цврстите шампони на Lush., а целата нивна понуда погледнете ја во нивниот штанд во Сити Мол.

Објавено:
14 мај 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.075 пати