Lush ги има најшарените подароци за Денот на вљубените!

31 јануари 2020

Денот на вљубените се наближува! Дали веќе одлучивте како ќе го изненадите вашиот партнер/ка? Без разлика за кого станува збор секој има некој кому сака да му го разубави денот и да направи да се чувствува посебно. Lush како и секоја година ви нуди гооолем избор на подароци, дури и ако веќе имате избрано подарок секогаш е пожелно да додадете нешто што ќе ги негува сетилата... За денот на вљубените ви препорачуваме да ги користите сите 5 сетила одеднаш. Пробајте сè, без разлика дали тоа ќе биде пилинг за усни, путер за масажа со заводлив мирис на јасмин или шумлива купка за во када за релаксирање.

Дали сте подготвени за сензуално уживање?

 

PEACHY шумлива купка за во када

Најсвежиот мирис на праска спакуван во шумлива купка.  Подарете ја на некој кој навистина го сакате. Маслото Давана кое има антисептички својства на вашата кожа има и силна овошна арома за која се смета дека делува како афродизијак.

 

PRINCE CHARMING гел за туширање 

Свежиот сок од калинка помага да се стимулира регенерацијата на клетките на кожата, како и да мириса богато и сочно. Маслото од грејпфрут во комбинација со масло од сандалово дрво му дава на овој гел за туширање светлина и топлина.

 

LOVEBOAT шумлива купка за во када

Потонете длабоко во релаксација, а потоа излезете од кадата со нежно миризлива кожа. Не пропуштајте го чамецот - овој е овде само за Денот на вљубените!

 

NAKED ATTRACTION BAR

Сензуалниот мирис на јасмин ве опкружува додека го нанесувате на вашата (или нечија) кожа за заводливо мека кожа дури и во најладните денови од зимата. 

 

AUBERGINE шумлива купка за во када

Значи, ако ви треба некое време за да се опуштите и да размислите за работите, скокнете во кадата со овој освежителен модар патлиџан. Уживајте во длабоките виолетови тонови на водата и дозволете му на маслото од бергамот инстантно да го поправи вашето расположение.

 

UNICORN HORN пенлива купка за во када

Верувајте во магични розови води, полни со релаксирачка лаванда и мнооогу пена со сјај - исто како волшебните езера на островот Лашленд, каде се капат еднорозите. (Еднорозите не беа повредени при изработката на оваа купка за меурчиња)

Објавено:
31 јануари 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.227 пати