Доколку сѐ уште не го погледнавте ремек делото „The Revenant“, имате уште некоја недела пред да почнеме да стискаме палци на Оскарите. 

Филмот е номиниран во вкупно 12 категории, меѓу кои најдобар актер за Леонардо Ди Каприо, најдобар актер во споредна улога за Том Харди, најдобар филм, најдобар режисер за маестралниот Алехандро Инариту и најдобра шминка на филм. 

Покрај фантастичните актери и уште поуникатниот режисер, шминката е она што одзема здив во текот на целиот филм. 

Мејк ап артистот Данкан Џарман, меѓу другите, во најголем дел се погрижи за Леонардо Ди Каприо да изгледа толку реален во секоја сцена од филмот, а за тоа му беа потребни околу пет часа дневно. 

На неверојатен начин, супер трпеливо, тој ги „создаде“ сите повреди што можевте да ги погледнете на Ди Каприо, вклучувајќи ги и сите останати мејк – ап моменти како ефектите од снег на брадата, косата, рацете и нозете и сѐ останато што гледате кај неговиот лик во филмот. 

Покрај фантастичната шминка и маски што овој млад и исклучително талентиран артист ги создаде за „The Revenant“, тој има работено на голем број филмски проекти меѓу кои и Хари Потер, The Grand Budapest Hotel, Night at the Museum, Rush, J. Edgar, Cold Mountain и уште многу други. 

Секоја негова маска или шминка е неверојатно реална, по што и тој самиот е познат и обожуван меѓу познатите во Холивуд. 

Денеска ги издвоивме неговите најдобри дела кои можете да ги погледнете во продолжение во пресрет на Оскарите!

Објавено:
20 јануари 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
4.320 пати