Македонка е Прва придружничка на Miss Fashion TV 2017

13 октомври 2017

Финалето на изборот за убавина Miss Fashion TV 2017 се одржа минатиот викенд во кипарскиот град Кирениа, а своја претставничка имаше и Македонија.

Се работи за Елена Анѓеловска која се закити со титулата Прва придружничка. Победничката е претстаничката на Украина, Роксолана Јаминска, додека титулата Втора придружничка ѝ припадна на Венецуелката Кристин Дијаз Сантијаго.

Трите воедно, ќе бидат и новите лица на Fashion TV.

Инаку, за изборот се пријавиле преку 3.000 девојки од целиот свет, за да се изберат на крајот 30 финалистки, помеѓу кои и Елена.

Во „Рокс Хотел“ каде се одржа финалето, беше одржана и голема прослава по повод 20 години од основањето на Fashion TV, на која присуствуваше и сопственикот на телевизијата, Мишел Адам.

Инаку, лиценцата за овој престижен избор за Македонија ја поседува модното студио „Црнокрак“, чиј член е и младата Елена.

Објавено:
13 октомври 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.922 пати