Modern Muse - парфем за сигурни жени

31 јануари 2015

modern muse

Козметичката компанија Есте Лаудер го претстави најновиот женски парфем насловен како Modern Muse, односно Модерна Муза. Овој парфем го симболизира тоа што значи денес да се биде независна и самоуверена жена, жена сигурна во себе и со свој стил.

Зад мирисната композиција стои парфемиерот Хери Фримотн. Неговата цел е да ја изрази двојната композиција создавајќи ја од пенлив јасмин, кој симболизира женственост и елегантни дрвени тонови, што симболизираат моќ, во што и успева.Првиот акорд, акорд на јасмин, се состои од нота на егзотична мандарина, тубероза, лилјан, росна латица и Sambac јасмин. Елегантниот дрвен акорд комбинира два вида на пачули, ванила од Мадагаскар, амберно дрво и нежен мошус.

Estee-Lauder-Modern-Muse-Fragrance

Заштитното лице на кампањата е манекенката Аризона Мјуз, а од компанијата велат дека ова е нивни прв значан парфем во последната декада, кој е достапен во пакувања од 30, 50 и 100 ml Eau de Parfum.

Објавено:
31 јануари 2015
Категорија: 
Убавина