Моќта на малите семиња - револуционерно откритие во козметиката

20 март 2015

NE33

Козметичкиот гигант AVON ја претстави својата нова линија за нега на кожа Nutra Effects - инспирирана од природата и најхранливите семиња. Брендот Nutra Effects е базиран на револуционерниот „Active Seed“ комплекс кој е незаменлив извор на скапоцени хранливи состојки чија уникатна комбинација придонесува за 24-часовно хидрирање и потхранување на кожата. Се работи за комбинација на екстракти од семиња со есенцијални антиоксиданти и витамини, кои заедно придонесуваат за зголемување на виталноста и енергијата на кожата.

Од компaнијата велат дека брендот Nutra Effects е создаден и развиен за да ги задоволи потребите на корисниците и да обезбеди ефикасна нега за кожа која е соодветна за секоја личност и секоја возрасна група.

PSCEU_001_GS_1184546DEC0414

„Active Seed комплексот е клучната технологија во целото портфолиото бидејќи семињата се најмоќната креација на природата. Тие се всушност изворот на самиот живот. Семињата содржат витални нутритивни вредности и токму затоа се клучот во нашиот новоразвиен бренд за нега на кожа“, изјави проф. д-р Алдона Тарновска, Постар хемичар за истражување и развој на AVON за EMEA регионот (Европа, Блискиот Исток и Азија).

Д-р Анета Кокалеста Петрушевска пак, која е дерматовенеролог во Дерматолошко естетската ординација Д-р Анчевски, вели дека семињата во козметиката се исклучително популарни токму поради нивната регенеративна моќ.

PSCEU_001_GS_1185669DEC0314

„Грижата за кожата е од есенцијална важност за изгледот и здравјето, бидејќи покрај нејзината заштитна улога која е примарна, учествува и во бројни други регулациски механизми кои се важни за нашето тело. Кога станува збор за светските трендови за нега на кожа, морам да се согласам дека природните состојки и семињата се несомнено најпопуларни, пред сè поради моќта за регенерирање и хидрирање на кожата“, изјави д-р Кокалеска Петрушевска.

Основни состојки употребени во линиите Nutra Effects се чиа семето, семето од калинка и семето од стрелиција, кои сите заедно изобилуваат со хранливи материи за кожата, витамини, минерали, антиоксиданти и масни киселини.

PSCGD_040_GS_1185985AUG2211

„Семето од чиа денес е популарно и во прехранбената индустрија како особено богат извор на Омега 3, протеини, витамини и антиоксиданти и помага за природно одржување на влажноста на кожата. Стрелицијата делува на осветлување на тенот и ни дава мазен изглед со тоа што го разложува прекумерениот пигмент, а калинката пак, умее целосно да ги обнови структурите на кожата. Покрај тоа што е корисно да ги консумираме овие семиња преку исхраната, уште поважно е истите да ги аплицираме и на нашата кожа, бидејќи на тој начин тие умеат директно да влијаат и го забавуваат стареењето на кожата.“, вели д-р Кокалеска Петрушевска.

„Новата линија NUTRA EFFECTS креми на AVON кои се на природна база и без парабени, со употребата на овие моќни семиња во својот состав, ги потенцираат нивните ефекти, при што кожата изгледа помазна, сјајна и со еден збор делува здраво“, заклучува д-р Кокалеска Петрушеска.

PSCGD_040_GS_1185985AUG2212

Битно е да се спомене и дека формулите во линиите се алергенски тестирани и не вклучуваат парабен и вештачки бои, со што овозможуваат Nutra Effects да биде соодветна и за најчувствителниот тип на кожа.

Портфолиото Nutra Effects вклучува:

-         Хидрирачка линија со Active Seed комплекс и чиа семе

-         Балансирачка линија со Active Seed комплекс со чиа семе збогатен со матирачки состојки

-         Блескава линија со Active Seed комплекс и семе од стрелиција

-         Зацврстувачка линија 35+ со Active Seed комплекс и емки од калинка

-         Напредна линија против стареење 45+ со Active Seed комплекс со семе од калинка и керамиди

 

Чиа семето е познато уште и како „супер храна“ за 21-виот век и има корисно влијание за целиот организам. Тоа претставува најбогатиот познат ботанички извор на Омега 3 и 6 масни киселини, побогат од рибиното масло. Содржи и 30% повеќе антиоксиданти од боровинките и помага во борбата против слободните радикали. Маслото од чиа пак е богато со протеини, витамини А, B1, B2, B3, железо, магнезиум, калиум, фосфор, манган, бакар, молибден, ниацин и цинк. Тоа впива 12 пати поголемо количество вода од сопствената тежина и токму затоа неговиот екстракт во кремите го продолжува траењето на хидратацијата на кожата.

Калинката е витална состојка и е еден од најбогатите извори на антиоксиданти, минерали и витамин Ц. Калинката ја стимулира продукцијата на колаген во кожата на клеточно ниво, со што помага во забавување на процесот на стареење на кожата, ја зацврстува нејзината структура и ја враќа нејзината еластичност. Токму затоа екстракти од семките од калинка се употребени во линиите против стареење на Nutra Effects.

PSCGD_040_GS_1185985AUG2214

Семето од стрелиција, или во оригинал „Bird of Paradise“ потекнува од Јужна Африка и е еден од најубавите егзотични цветови. Екстрактот од неговото семе совршено го изедначува тенот и ја обновува младешката блескавост. Функцијата на ова семе е да ја спречи продукцијата на меланинот (пигментацијата) во клетките на кожата и токму затоа го враќа природниот и здрав сјај на кожата.

Сите овие својства, за првпат инкорпорирани во козметичката индустрија, всушност претставуваат најголемо и бр. 1 откритие на годината во AVON.

Објавено:
20 март 2015
Категорија: 
Убавина