Mon Guerlain – Нов парфем за жени што предизвикуваат восхит!

20 март 2017

„Креирањето на парфем е дело на интуиција и емоција“, велел Жак Герлан. Денеска, присутните во просториите на Културно информативниот центар имаа можност да ја почувствуаат емоцијата на новиот парфем на козметичката компанија „Герлан“, насловен Mon Guerlain (Мој Герлан), инспириран од жените на кои им се восхитуваме.

Заштитно лице во светски рамки е Анџелина Џоли, а во пријатен амбиент, каде доминира мирисот на орхидеи и јасмин, присутните имаа можност да ја слушнат приказната за оваа козметичка куќа, како и најновиот производ, презентирани од амбасадорот за Македонија, актерката Весна Петрушевска.

-Да бидеш амбасадор на „Герлан“, да те поистоветат со нивната приказна за водечкиот дух, кој пркоси на категоризацијата, а притоа сето тоа да се иднетифукува низ призмата на хуманоста и силината е повеќе од комплимент. За тие нешта се убави деновите кои ги живееме, во кои твориме“, рече на почетокот Петрушевска.

Веќе пет генерации креаторите на „Герлан“ парфемите ја пишуваат историјата, со срце и душа.

Ја истражувале планетата во потрага по ретки сировини, смислувале нови „мирисни акорди„ и креирале преку  1100 мирисни композиции... Без разлика на сите достигнувања секогаш предизвикувале пресврт во модерното производство на парфеми.

Тијери Васер, петтиот Мастер за парфеми на куќата „Герлан“, кој што го организираше креирањето на новите женски мирисни линии, за парфемите на  „Герлан“ често знае да каже  дека се создадени со формула која ги обединува нотите и комбинира ретките сировини и тајните концентрати.

„Mon Guerlain“, нежен како шепот, невидлив како тетоважа на кожа. Име кое евоцира над 200 години историја преполна со искуства, негувана со успех, вештина и дарежливост. Токму затоа, организаторите им овозможија на присутните, посебно оние расположени за нови трендови, да добијат и една таква, интересна тетоважа.

Парфемот пак, е интригантна композиција. Почетна точка зад сложеното создавање на „Mon Guelain“, е ванила - омилената сировина и неодолива состојка зад секое ремек дело на „Герлан“.

„Карла лаванда“ е тука за да ја разбуди сензуалноста, да донесе свежина, чистота и едноставност. Самац  јасмин, набран во рана зора ја буди женственоста, тој е алката со која ги поврзува ванилата со лавандата. Тој е естетиката кој на оваа композиција ѝ ги дава сите свои финеси. Што се однесува до сандоваловото дрво, тоа е она што го изразува внетрешното богатство на секоја жена. Тоа е дрво кое и дава сила и чува тајната вечната женственост.

Симболична амбалажа. Оваа четвртаста амбалажа е сонот на Габриел Герлан,  а ја изработил познатиот производител „Baccarat“ уште во далечната 1908 година. Денес  остана она да го чува „Mon Guerlain“, новиот парфем кој ѝ оддава почит на современата женственост, кој ги комплетира констрастите, евоцира на силна, слободна и сензуална женственост.

„Ние креираме парфеми за жени на кои им се восхитуваме“, рекол Жак Герлан, креатор на митските парфеми како што се „Shalimiar“, „L'Heure Bleue“ и „Mitsouko“.

Партнерството помеѓу Анџелина Џоли и „Герлан“ е договорено во Камбоџа, во Декември 2015 година, каде го режираше својот филм: „Прво го убија мојот татко„-(First They Killed My Father: A Daughter of Cambodia Remembers). Но, првенствено сето ова почнува од спомените од  детинството на Анџелина Џоли и љубовта на нејзината мајка кон овој бренд и кон нејзината омилена пудра од овој бренд.

Анџелина Џоли е филмски режисер, Амбасадор на Канцеларијата на Високиот Комесаријат за  бегалци на Обединетите Нации (УНЦХР) и еден од основачите на „Иницијативата за спречување на сексуалното насилство„.

Целиот свој приход од соработката од „Герлан“ е дониран во добротворни организации.

-Денеска создаваме нова историја, создадваме парфем што ќе биде невидлив, што секоја жена ќе може да го носи како своја невидлива тетоважа. Ова нешто сосема поразлично, нешто во што секоја жена може да се пронајде. „Mon Gerlain“ е парфем што нè спојува сите нас, жените. Ја изразува нашата женственост, а истовремено и сензуалност – вели Оливера Станковска, бренд менаџер на „IT cosmetics“.

На прашањето дали „Mon Gerlain“ е идеалниот летен парфем, Станковска потенцира дека се работи за мирис идеален за сите годишни времиња.

„Mon Guerlain“ линијата содржи: Eau de Parfum 30ml ; Eau de Parfum 50ml; Eau de Parfum 100ml; Лосион за тело 200мл и Гел за туширање 200мл.

Производите можат да се најдат во продажните места на „Cosmo Tinex“ дрогерии, „Еликсир“, како и во „Шатци“ Тетово.

„Mon Gerlain“ – за жени на кои им се восхитуваме, за сите жени!

 

*спонзорирана објава

Објавено:
20 март 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
314 пати