Најлошите совети за убавина од познатите

8 август 2013

Woman applying moisturizer in mirror

Славните жени се секогаш негувани. Со оглед на тоа тие често во медиумите даваат совети како да постигнете сличен изглед и ги откриваат тајните на нивната убавина. Сепак, дел од тие совети се потполно луди и не треба да се следат, а стручњаците објаснуваат и зошто.

1.Кремата за сонце е полна со хемикалии - Минатата година, Жизел Бундшен изјави дека не користи млеко за сончање, со образложение дека „не може да го става тој отров на кожа и дека не користи ништо синтетичко“. Наместо тоа, изјави дека се сонча само пред осум часот наутро. Сепак, некој кој е на плажа цел ден никако не смее да го послуша овој совет.

2.Кремата против хемороиди, спас за подочниците - Додека го снимала филмот „Мис таен агент“, актерката изјави дека користи крема за хемороиди, за да ја осветли кожата околу очите. „Не верував дека оваа крема ќе ми помогне околу подочниците, но видете, така е“. Сепак, ова остана на ниво на урбана легенда, а стручните лица објаснија дека во теоријата има смисол, но може да доведе до сериозни иритации на кожа.

3.Симнување шминка со селотејп - Шминкерот на Лејди Гага, Кабуки, призна дека со користење селотејп, успеал да ги симне светките од капаците на Гага по доделувањето на MTV VMA во 2009 година. Но, тоа звучи многу болно, а да не коментираме колку ја иритира кожата на капаците.

4.Пилинг на лице со песок за мачки - Ријалити ѕвездата Снуки минатата година го препорача пилингот со песок за мачки, доколку сакате чисто лице. „Јас сакам се да изгуглам, а не трошам многу пари на спа третмани, затоа што сум скржава. Така, на итнернет го пронајдов овој совет“. Но, таа не го кажа наважното, дали третманот е успешен или не. Стручњаците предупредуваат дека ваквиот пилинг може да доведе до сериозни впалителни процеси на кожата, ако честиците се вовлечат под неа.

ubavina 2

5. Паста за заби против мозолчиња - Актерката Џенифер Лај Хјуит сподели дека кгоа ќе и излезе мозолче, таа става паста за заби на него. Иако овојметод е широко познат и распространет, за него се расправа веќе со години. Конечното е дека, експертите велат со паста да не се зафаќаат деловите со акни. Пастата не му помага на мозолчето, само може да направи да изгледа уште полошо.

6.Кечап против зелен отсјај - Сиена Милер за потребите на аудиција, својата природно руса коса ја бојадисала во кафеава, по што добила зелен отсјај. Таа изјави како година дена ставала кечап и сјајот исчезнал. Сепак, нема докази дека тоа е резултат на кечапот. Ако нешто вакво ви се случи, познатата њујоршка фризерка Ејми Кркурниќ советува да ја истриете косата со коктел од алкохол и минерално масло, во размер 3:1.

7.Бањање во црвено вино - Иако идеална опција е во када да пиете црно вино, актерката Тери Хачер всушност се бања во него. Таа верува дека состојките на грозје ја прават кожата понежна. Од друга страна пак, стручњаците велат дека полифенолите од грозјето ја подобруваат циркулацијата, но алкохолот од виното може да има лоши ефекти на кожата, со што ништо добро не сте направиле.

8.Наместо алајнер- фломастер - Секако дека алајнерот речиси на сите им стои одлично, но Тејлор Сфивт во една пригода изјави дека очите ги исцртала со фломастерот со кој дели автограми. „Бев во авион, немав шминка и земав фломастер намсесто алајнер. Оттогаш, постојано го користам“. И додека таа самата не го препорачува ова на други жени, уредничката на еден моден сајт го испробала советот и изјави дека силните испарувања од фломастерот предизвикале иритација на очите. Покрај тоа, фломастерот воопшто лесно не се отстранува од кожата.

Објавено:
8 август 2013
Категорија: 
Убавина