Најпопуларните и најбараните третмани за убавина за 2019 година

20 декември 2019

Можеби очекувавте да прочитате дека тоа ќе е ботоксот, но резултатите изненадија.

Во сумирањата на годината, „Гугл“ ги сподели и информациите за тоа кои биле најпопуларните и набарани третмани за убавина за 2019 година

На првото место е хидратантен третман на лице, односно Hydrafacial, пренесува „Магазинот Ел“.

Се рабори за неинвазивна постапка, многу слична на дермоабразијата. Го чисти вашето лице длабински, односно кожата, а потоа ја хидрира, правејќи ја мека и нежна.

Стручните луѓе од индустријата за убавина велат дека овој третман ги срушил сите рекорди, попопуларен и од ботоксот.

Дермаролер и Дермапланинг биле другите два најбарани третмани.

При дермаролерот се користат мали игли кои создаваат микроскопски ранички во кожата за да го стимулира природното производство на колаген на вашето тело.

Дермапланирањето пак е отстранување на мов и мртва кожа од лицето со помош на алатка слична на скалпел, за измазнет тен.

Со оглед на тоа дека природниот изглед сè повеќе доминира, надградбите на трепки и коса се аут во 2019.

А во продолжение погледнете како низ годините се менувале трендовите:

2005 година – трајно боење на трепки
2005 година – бразилска бикини депилација
2005 година – Обликување на веѓите
2005 година – боди врап
2005 година – солариум
2006 година – филери за уста
2011 година – Кератин
2012 година – Микродермоабразија
2012 година – Ласерско отстранување на влакна
2013 година – фенирање
2014 година – спреј тен
2016 година – вештачки нокти
2016 година – трајна шминка
2016 година – Тетоважа на веѓите
2017 година – надградба на трепки
2017 година – Боја на веѓите / нијанса
2017 година – хемиски пилинг
2017 година – Отстранување на тетоважа со ласер
2018 година – шеќерен пилинг
2018 година – ласерско белење на заби
2019 година – леден лифтинг на лице
2019 година – дермапланирање
2019 година – ласерски третман на лице(радио-фрекфенција)
2019 година – филери
2019 година – еmsculpt
2019 година – хидрафејшл/хидратантен третман
2019 година – ултратерапија
2019 година – кибела
2019 година – колаген третмани
2019 година – гел лак на нокти
2019 година – вагинално парење
2019 година – лифтинг на трепки
2019 година – микронидлинг/дермаролер

Објавено:
20 декември 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.323 пати