Пастелните нијанси на ноктите се дефинитивно знакот дека летото пристигнало. Оваа сезона Инстаграм девојките нудат огромна инспирација за летни нокти, а тие се послатки од кога и да е.

Веќе знаете дека пастелните сенки се хит оваа сезона, а истото е случај и со ноктите за комплетен изглед со кој ќе блеснете во топлите денови.

Она што можете да го направите ова лето е да изберете една од пастелните нијанси или пак да си играте со боите и формите, па дури и да ги украсите со некои минимални додатоци.

Супер популарен е виножито маникирот каде секој нокот е обоен во различни и нежни нијанси за истите да не изгледаат многу впечатливи.

Украсете ги ноктите со додатоци кои неодоливо потсетуваат на лето како палми, сладолед, фламингоси, цвеќиња и што уште не.

Ѕвездите се исто така едни од најбараните украси за нокти ова лето, бидејќи се неверојатно нежни и романтични.

Во галеријата ќе погледнете некои од најпопуларните трендови за нокти сезонава кои ќе ви послужат како супер инспирација за летен маникир.

Извор и фото: Modamo.info

Објавено:
6 јули 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
732 пати