Најубавите лакови за нокти за последните зимски денови

25 јануари 2016

Ние веќе очајно посакуваме наскоро да ги доживееме последните денови од оваа зима и конечно да видиме вистинско сонце!

Додека чекаме, заедно ќе уживаме разгледувајќи ги најубавите трендовски бои кај лаковите за нокти за кои знаеме дека ќе ги обожавате.

Она што задолжително мора да го знаете е дека секоја девојка во секое време мора да има убаво средени нокти, во зависност од боите кои ги обожува и пригодата секако.

Речиси секогаш најлесно е да нанесете некои неутрални бои што ќе изгледаат супер во секое време, а и лесни се за одржување, а доколку сте девојка која е „зависна“ од трендови, ние секогаш ги имаме најновите!

Седефасти нијанси – Оваа текстура бара од вас да имате совршена подлога, без ниту една маана за да може да изгледа совршено кога ќе ја нанесете. Обликувајте ги ноктите со турпија за полирање пред да нанесете од ваквите лакови. Одберете бледо розова и млечна боја на лак.

Кремасти нијанси – Ова е еден од оние бои на лакови што ги одбираме секогаш кога сакаме набрзина да ги средиме ноктите. Кремастите нијанси се нешто што секоја девојка мора да го има во торбичката за козметика, а единствено на што треба да посветите внимание е да одговара со вашата боја на кожата.

Транспарентни нијанси – Секогаш кога ќе одберете вакви нијанси внимавајте да не оставите отпечатоци од четката, бидејќи нијансите се многу нежни. Лакот во боја на слонова коска и сребрените нијанси се едни од најпосакуваните.

Објавено:
25 јануари 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
4.020 пати