Намирници од кујната кои потајно зрачат со убавина

14 мај 2013

Без разлика дали се разбирате или не во составот на продуктите кои ги купувате, оние кои ги имате во кујната имаат далеку подобро дејство од другите. Во продолжение следуваат 7 рецепти за нега и убавина од кујната кои можете да ги испробате уште денес.

1. Маслиново масло - од сите намирници во кујната може да биде најкорисно. Ако имате сува кожа,ставете од маслото на памук и намачкајте ги најсувите делови, потоа ќе имате кожа мека како на бебе. Исто така, можете да го користите маслиновото масло после пилинг. Ставете во косата, ако ви е оштетена.Може да го користите како регенератор додека ја миете косата,или после сушење да ставите на врвовите (ги заменува силиконските капки).

2. Мед - тоа е најверојатно најслаткиот третман кој можете да го направите во кујната. Прави чуда со косата и кожата. Доколку имате акни или други иритации проследени со црвенило, капка мед ќе реши се. Исто така медот е одлична маска за вашата коса која што ја прави сјајна,здрава и хидратантна. Само кога го мешате медот со регенераторот бидете сигурни да ставите повеќе кондиционер отколку мед за да не ви се залепи косата. Ако сте повнимателни, можете да ги намачкате усните со мед пред да легнете, а утредента ќе се изненадите од резултатите.

3. Јаболков оцет- ако подолго време сте барале природен ексфолијат, не барајте повеќе. Јаболковиот оцет е најефтиниот пилинг,а и нема да има потреба да посетувате дерматолог.Се што треба е да натопите памук во јаболков оцет и да го премачкате лицето со него, но да внимавате на очите! Почекајте 30-45 минути, а потоа исплакнете го лицето и на крај намачкајте го со маслиново масло и чекајте да се впие.

4. Бел шеќер - можеби се обидувате да го скратите шеќерот поради вашата диета, но кога ќе слушнете дека тој е одличен ексфолијант можеби и нема! Пилингот со шеќер е одличен, без разлика дали ќе го користите за вашата кожа или усни. Земете грст шеќер и нанесете го со помош на парче ткаенина додека се бањате. Резултатите се толку добри што ќе посакате и да го внесете во вашата купка.

5. Сол - еве нешто што и не е толку благо како шеќерот, но е со иста застапеност како него во кујната. Солта се користи за сува кожа, подобра опција е да биде морска сол, да се измеша со мед и да се нанесе на проблематичните делови. Велат дека малку пецкало, но ефектите биле изненадувачки добри. Исто така морскатa сол е добро да ставите во вашиот шампон, но не ако сте скоро фарбани, особено црвени.

6. Кафе - да ги тргнеме на страна екфолијатите. Кафето може да го нанесете откако ќе се исуши во филџанот на вашите бутини или други места на кои имате целулит. Пoтoa истуширајте се. Исто така кафето делува добро на кафената коса. Наш предлог е да го измешате со регенераторот за коса.

7. Лимон - и сокот од лимон се најголемиот благослов кој може да го имате во кујната особено ако имате светли прамени или сакате да ја осветлите косата на природен начин. Измешајте лимон со сода бикарбона и со таа смеса исчеткајте ги забите за природна белина.

Објавено:
14 мај 2013
Категорија: 
Убавина