Намирници што треба да ги консумирате кога сте под стрес

22 февруари 2016

Во ова ново време кога секојдневието постојано нѝ носи стресови од различни страни, она на што дефинитивно мора да се концентрираме е вистинската храна што ќе го ублажи тоа.

Покрај веќе познатите здрави намирници кои веруваме дека секојдневно ги консумирате, како различни видови овошје и зеленчук, постојат и неколку други кои ќе ви го ублажат стресот и ќе направат да заборавите на лошото искуство.

1.Овесни снегулки со бобинки и ореви

Овесните снегулки се богати со витамин Б и секогаш го стабилизираат расположението. Овошјето од групата бобинки има големо количество на витамин Ц што го држи стресот под контрола, додека оревите се богати со омега 3 киселина која пак го зголемува задоволството.

2.Крекери со цели зрна и путер од кикирики

Крекерите со цели зрна се богати со јаглехидрати, кои го стабилизираат нивото на шеќерот во крвта, што пак е поврзано со доброто емоционално здравје. Путерот од кикирики го снабдува телото со протеини и секогаш здрави масти.

3.Зеленчук во комбинација со сирење

Доколку се чувствувате многу тешко во некој дел од денот, она што дефинитивно ќе ве расположи е вкусниот зеленчук врз кој ќе изрендате малку сирење. Калциумот во сирењето помага за смирување на нервите, додека зеленчукот веќе знаеме дека е одличен за сѐ.

4.Топла вода со лимон

Кога знаете дека ве чека напорен ден, слободно напијте се чаша млака вода со неколку капки лимон. Водата го стимулира вашиот стомак да се исчисти од собраните отрови, додека лимонот ќе му помогне на вашето тело да се разбуди и правилно да го започне денот.

5.Индиски ореви

Овие вкусни оревчиња содржат магнезиум и триптофан што му помагаат на вашето тело да се смири во секој поглед. Исто така, тие содржат и здрава доза на цинк, минерал кој помага во зајакнување на имунолошкиот систем кога е телото под стрес.

6.Црно чоколадо

Покрај тоа што е одлично во борбата против целулитот и вишокот килограми, темното чоколадо го подобрува расположението. Она што е важно е тоа што црното чоколадо мора да содржи најмалку 70 проценти какао.

7.Зелен чај или чај од камилица

Овие чаеви го намалуваат нивото на стрес и анксиозност, а особено зелениот чај содржи и теанин кој е тесно поврзан со релаксацијата.

8.Смути од кељ 

Доколку во моментот дома немате кељ, истиот резултат можете да го постигнете доколку си направите здрав сок и од некој друг зеленчук со зелени листови. Истите се одличен извор на антиоксиданси што ја поттикнуваат продуктивноста, но и го намалуваат стресот. 

9.Јаболки и банани 

Со консумирање на само една јаболка на ден, се држите што подалеку од посета на доктор, но и подалеку од лошото расположение. Истото е случај и со бананите кои се полни со витамин B6. Бананата можете да ја комбинирате и со бадеми, кои се полни со протеини и масти одлични за стабилизирање на шеќерот во крвта. 

10. Тврдо варени јајца 

Јајцата се полни со колин, витамин што го подобрува помнењето, а особено се супер доколку можете да ги јадете за појадок. На овој начин, на работните задачи ќе одговорите многу поспремно и подобро. 

11.Тост со авокадо 

Авокадото е полно со магнезиум и калциум, а веќе знаеме дека тие го намалуваат крвниот притисок. Покрај тоа, авокадото е супер извор на влакна. Наутро комбинирајте го во тост од црн леб со разни семки, за што поздрав почеток на денот.

Објавено:
22 февруари 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.279 пати