Направи сам: Спреј против комарци за сите возрасти

4 јули 2019

Во екот на летото, се чини не постои човек на кој комарците не му претставуваат ноќен кошмар, па секогаш сме во потрага по соодветните препарати со кои ќе се заштитиме.

Кога се работи за децата, па и за нас, секогаш треба да внимаваме производот да не содржи многу хемикалии, а сепак да е ефикасен бидејќи чешањето од убодите е нешто неиздржливо.

Ако сте од оние кои не сакаат да ризикуваат, тогаш одвојте малку време, купете ги следниве производи и направете си спреј против комарци во домашни услови.

Истиот навистина делува, а се прави за многу кратко време што е најважно.

Потребно:

-30 капки етерично масло од чајно дрво

-10 капки етерично масло од здравец

-5 до 10 капки етерично масло од лимон, рузмарин или лаванда

-Една лажица растителен глицерин

-Дестилирана вода

-Шише со распрскувач

Подготовка:

Пред да почнете со подготовка, добро исчистете го шишето во кое планирате да го ставите спрејот. Едно по едно, ставете ги маслата во шишето, додајте го глицеринот, па остатокот од шишето наполнете го со вода. Добро протресете го шишето пред употреба и попрскајте се пред да излегувате од дома. Ова е и одличен спреј за вашата кожа да остане хидрирана, благодарение на глицеринот кој е еден од омилените и најупотребувани производи во светот на козметиката.

Инфо: Zadovoljna.hr

Објавено:
4 јули 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.779 пати