Натали Портман е заштитно лице на новиот кармин „Rouge Dior“

1 јули 2013

Натали Портман е именувана како ново заштитно лице на новата линија кармини на Диор од колекцијата „Rouge Dior“.  Диор овој кармин го карактеризира со голема доза на страст и сила. Секоја жена која ќе го нанесува треба да се почувствува моќна и самоуверена.

 

 

Ова не е прва соработка помеѓу оваа реномирана куќа и популарната актерка. Портман е заштитно лице на познатиот парфем „Miss Dior“ и козметичката линија за одржување на кожата „Diorskin Forever“.

Објавено:
1 јули 2013
Категорија: 
Убавина