Науката вели: Ќелавите мажи се попаметни и поуспешни

18 октомври 2019

Губењето на коса отсекогаш било чувствителна тема и за мажите и за жените. Но, години наназад, како трендот е сè почест (за што причините се различни од генетски предиспозиции, до начин на исхрана, стрес...), мажите сè помалку имаат проблем со тоа.

Одамна веќе не се чувствуваат како помалку привлечни или мажествени. Напротив, ќелавите мажи им се сè попривлечни. За тоа многу придонесоа и медиумите, шоу-бизнисот...

Во корист на ќелавите мажи оди и научна студија на проф.д-р. Франк Мускарела од „Бари универзитетот“ во Мајами. Според неговото истражување, не постои простор за потценувачки став. Ќелавите мажи често се перцепираат како доминантни, паметни мажи, со поголема самодоверба.

Исто така, студијата покажата дека тие се подоминантни во општеството за разлика од другите мажи. Иако мажите со коса се физички поатрактивни, ќелавите се оние со повисок општествен статус, но не предизвикуваат никаква закана, во споредба со мажите со коса. 

Во текот на истражувањето, Мускарела побарал од фокус групата да ги оцени машките учесници по четири критериуми: атрактивност, агресивност, смиреност и зрелост. Истите мажи биле на сите фотографии, но на едните им биле покажани со коса, а на други без коса. Резултатите го покажале следново: ќелавите мажи биле оценети како поискрени, поинтелигентни и помажествени.

Овие резултати биле потврдени и од истражувањето на Универзитетот од Пенсилванија. Психологот Алберт Манес покажал дека луѓето ги доживуваат ќелавите мажи како посилни, подоминантни и успешни.

Сепак, ќелавите мажи не се перцепирани само како силни и секси, но и како паметни. Универзитетот во Сарленд, Германија ги анализирал податоците од анкета во која биле вклучени 20.000 луѓе. Резултатите покажале дека луѓето без коса често се перцепираат како повозрасни, но во исто време се доживуваат како мудри и попаметни.

 

Објавено:
18 октомври 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
468 пати
Тагови: 
ќелави мажи