Нега и убавина ширум светот – Индонезија, тамаринд

20 август 2013

Плодот од тамариндот е омилен помеѓу куварите во Југоисточна Азија и популарен поради својот  слатко – кисел вкус, а се користи во десертите, како џем, грицки, бонбони, додаток на сокови, супи, чорби и други јадења. Некои го нарекуваат “чоколадо со дрвца”, а се употребува и во козметичките третмани против стареење и лузни на кожата.

Тамариндот е преполн со ензими, овошни киселини, магнезиум, калциум и витамин Ц и К и е совршен за пилинг на кожата, а посебно го негува горниот слој на кожата. Жените во Индонезија  го ставаат тамариндот директно на кожата како свеж плод, или го комбинираат со мед и вода како маска за лице.

Објавено:
20 август 2013
Категорија: 
Убавина