Со почетокот на секој нов месец, Cosmo Tinex дрогерии нѐ радуваат со нови попусти и акции на нашите омилени козметички производи.

Истото е случај и овој прекрасен мај, а деновиве излезе и новиот леток на Cosmo Tinex каде можете да ги видите сите новости на кои знаеме дека ќе им се радувате.

Само овој месец мај е прогласен за месец на Булгари, а токму нивните производи ќе ги најдете на попуст од неверојатни 25 проценти.

Доколку имате некој убав повод овој месец, во Cosmo Tinex дрогерии ќе ги пронајдете совршените парфеми за него и за неа по неверојатни цени, а секако не смееме да заборавиме ниту на омилените сетови кои овој пат доаѓаат во сосема ново руво.

Од 15 до 21 месецов ќе уживате во дури 28 проценти намалување на целиот асортиман на L’oreal, а подеднакво примамливи попусти има и на козметиката на Gosh, Maybelline, Ziaja и уште многу други.

Освежете ја вашата коса со производите на Syoss, L’oreal, Keune и бројни други кои само овој месец имаат супер цени кои ќе ги обожавате.

Не заборавајте дека пролетта со себе носи прекрасни мириси, па задолжително набавете си некои од најубавите спакувани во крема, лосион или спреј за тело од вашите омилени Afrodita, Frutini, Dear Body и уште многу други.

Секако, она на што не смеете да заборавите и овој месец е прекрасниот накит на брендот Daniel Espinosa и нивната нова и прекрасна колекција.

Објавено:
2 мај 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.676 пати