Невропсихијатар: Ако му пружите доволно внимание на детето, нема да биде разгалено

22 февруари 2019

Познатиот психијатар за деца и автор на голем број книги, доктор Светомир Бојанин за српскиот сајт „Мој педијатар“ говори на исклучително интересна тема поврзана со разгаленоста на децата во новото време.

Во текстот за сајтот првото нешто за што тој говори се изливите на бес кај малите деца и како родителите да се справат со истите, односно да ги спречат за воопшто да не дојде до тоа, бидејќи тогаш ќе биде доцна.

cooking_light.jpg

„Децата сè помалку слушаат, а сè повеќе се фокусираат на гледањето цртани. Затоа им се „закржлави“ и фантазијата и послушноста, затоа повеќе не го доживуваат светот според вистинските вредности. Она што го гледаме е повеќе од она што го слушаме“, вели докторот. 

Во продолжение следи целиот негов текст: 

Детето го доживува светот визуелно, но потоа треба постепено сè повеќе да се концентрирате и на она што може да го дознае со слушање и да го разбере светот околу себе и самото себе.

Токму затоа, треба многу да му зборувате, па потоа да му дадете лист и боички за тоа да го интерпретира, бидејќи така го развива своето ментално здравје. Оттаму, поттикнува и зборот послушност, односно мораме прво да слушаме, за да можеме да чуеме.

center_for_science_in_the_public_interest.jpg

Најдобро е да ги исфрлите цртаните и видео игрите од секојдневието. Телевизијата денеска стана бебиситерка. Ако детето повеќе сака да гледа цртани отколку да оди на прошетка со вас, тогаш сте ја изгубиле битката, некаде сте погрешиле.

Со децата треба да се однесувате природно, треба да ги вклучите во секојдневните активности, треба да ги слушате, треба да им се посветите, да бидете со нив. Тогаш, нема да има пропусти, нема да има размазеност.

brainline.org_.jpg

Кога детето го носите во продавница, тоа ќе почне да се фрла по подот барајќи да му купите нешто. Тој проблем нема да го решите тогаш, ако не сте се позанимавале со истиот претходно.

Ако сте поминале доволно време со детето и сте му се посветиле, ако знаат колку ви се важни, нема да има такви моменти на размазеност. Ако децата навикнале да им го купувате вниманието, а тоа е најголемото зло за детето, тогаш тоа во продавницата ќе бара да му купите нешто, бидејќи тоа му е замена за љубов и внимание. Тоа тогаш не сака чоколадо, туку твоето внимание, а вие го тепате или карате поради тоа што бара нешто да му купите. Да сте му посветиле доволно внимание пред да одите во продавница и соодветно да го подготвите за тој настан, до тоа немало да дојде воопшто.

open_college.jpg

Текстот е преземен од: mojpedijatar.co.rs

Објавено:
22 февруари 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.189 пати