Нокти во знакот на летото

18 август 2014

Убавите и негувани нокти ќе го привлечат сечие внимание. Во летниот период најмногу до израз доаѓаат впечатливите бои, но и интересните мотиви. А кога се токму тие во прашање, идеи има премногу.

Така, можете ноктите да ги обоите во портокалови нијанси и да добиете омбре ефект, како сонцето на заоѓање. Покрај тоа, овие нијанси посебно ќе се истакнат на исончаниот тен.

Нема лето без морнарскиот дезен, а истиот можете да го имате и на ноктите. И не мора да се само ригите во прашање, може да си играте со морски ѕвезди, сидро, школки, бранови...

Еден од актуелните трендови е и маникирот во две бои, а исто така и цветниот дезен.

Во продолжение ви даваме предлози од кои можете да се инспирирате.

Објавено:
18 август 2014
Категорија: 
Убавина