Нов футиристички тренд: Коса во пиксели!

2 февруари 2015

По огромните трендови омбре и babylight, доаѓа новиот, сосема футуристички тренд за коса со кој ќе го означиме почетокот на новата година.

Имено, станува збор за коса во пиксели, тренд што неодамна го промовираше шпанското студио X – Presion и што стана вистински хит за многу кратко време.

Трендот го промовираше креативниот тим на студиото X – Presion што постојано се стреми кон иновации и креативни решенија за пронаоѓање нови техники за коса.

„Станува збор за нов процес на боење на косата со кој се постигнува пиксел ефект на површината, но и посебна техника и игра со неколку чекори за да се постигне токму саканиот пиксел ефект“, велат од тимот на студиото.

Иако станува збор за тренд што очекуваме да го видиме на малку похрабри девојки и такви кои сакаат постојано да експериментираат со косата, веруваме дека истиот барем на кратко ќе биде многу популарен.

За сите заинтересирани фризерски студија, но и креативни поединци, веќе следниот месец ќе се одржи семинар во Мадрид на кој ќе бидат прикажани сите техники за постигнување на овој пиксел ефект.

pixels-hair

Што мислите вие, ви се допадна ли новиот футиристички тренд?

Објавено:
2 февруари 2015
Категорија: 
Убавина