Нов летен хит: Пердуви во вашата коса!

30 јули 2014

Иако се чини дека секоја нова недела од ова лето се појавува по некој тренд што се шири низ светот со брзина на светлината, овој последниов навистина е освојувачки!

Ако сезонава сакате промена со вашата коса, бидејќи ви здодеаја сите оние цвеќиња и венчиња во косата, пердувите се вистински тренд што изгледа навистина уникатно.

Пердувите како модни додатоци во косата ги „полудеа“ светски трендсетерки, па секоја од нив не пропушта да ја украси косата со по некое уникатно пердувче кое е како измислено за летниот период.

Пердувите отсекогаш важат за симбол на грациозноста и женственоста, а ова лето ни се допаѓаат уште повеќе бидејќи конечно го добија статусот на модни додатоци.

Истите можете лежерно да ги распоредите по косата, да ги вметнете во репчето, да ги прикачите со шнола или едноставно да ги пуштите слободно од бохо венчето што неодамна си го набавивте.

Летото е совршено време да ја покажете вашата креативност и да направите свој украс за косата, а доколку ви е потребна инспирација, истата ја имате во галеријата во продолжение.

Објавено:
30 јули 2014
Категорија: 
Убавина