Нов парфем од „Урбаната градина на Гучи“

20 јули 2017

Алесандро Микеле е еден од најплодните дизајнери што модната куќа „Гучи“ ги имала. Овој 45-годишен креативец не запира со работата.

Откако неодамна ја презентираше првата линија за внатрешен ентериер на познатиот бренд, насловена „Гучи декор“,  Микеле сега го презентира и првиот негов парфем за оваа куќа.

фото извор: harpersbazaar.com

Името на новиот мирис е „Gucci Bloom“.

-После две години, можам на „Гучи“ да му дадам мирис. Gucci Bloom е женственост и среќа – вели дизајнерот.

Инаку, за создавање на овој нов производ Микеле соработувал со парфемиерот Арберто Морилас.

-Алесандро разбира сè околу апарфемите, шармантен е и креативен – ќе каже Морилас.

фото извор: harpersbazaar.com

Резултатот од оваа соработка е мирис каде се испреплетуваат нотите на јасмин, тубероза и тајниот мошус на Морилас, со шепот на утринско сонце и летна трева.

-Мириса и модерно и традиционално. А токму тоа го сакаше Микеле. Ги препознавате цвеќињата, но поради начинот на кој се измешани, она што ви изгледа старомодно, станува сосема поинакво –објаснува парфимерот за „Харперс Базар“.

фото извор: harpersbazaar.com

За промоцијата на парфемот е направен и мини едиторијал насловен „Урбаната градина на Гучи“.

Покрај Микеле, на фотгорафиите се појавуваат и Дакота Џонсон, Хари Неф и Петра Колинс, секако комплетно во креации на „Гучи“.

Фотографиите пак се направени во градина во близина на „Тајм сквер“, со само се надоврза на приказната за модерното и традиционалното. Фотографиите се на Алекси Лубомирски.

фото извор: harpersbazaar.com

фото извор: harpersbazaar.com

фото извор: harpersbazaar.com

Сепак, Микеле не застанува тука. Паралелно со парфемот, дизајнерот ја промовира и новата патувачка апликација на „Гучи“, насловена „Gucci Places“.

Се работи за онлајн алатка која ќе им овозможи на корисниците да ги истражуваат разните локации насекаде низ светот, што имаат елементи што биле инспирација за дизајните на овој бренд во текот на 96-годишната историја.

фото извор: harpersbazaar.com

Апликацијата ќе биде достапна оваа есен и ќе помогне луѓето да имаат пристап до мотивите и и историските локалитети кои станаа синоним за колекциите на Микеле.

Секое „Гучи место“ ќе биде откривано посебно. Некои се добро познати, додека другите ќе бидат изненадување за широката публиката. Идејата е да се зајакне онлајн заедницата на брендот и да донесе инспирација од возбудливите туристички места и кај обожавателите и клиентите.

фото извор: harpersbazaar.com

Првата ликација што ќе се најде на оваа листа е „Чатсворт Хаус“ во Дербишир во Наглија. Оние што ја следат работата на брендот знаат дека „Гучи“ имаше изложба во ова здание, а беше инспирација и за ресорт кампањата за 2017 година, во која заштитно лице беше Ванеса Редгрејв.

фото извор: vogue.com

Покрај тоа што ќе содржи информации, апликацијата ќе ги води корисниците и до продуктите поврзани со локалитетот, кои ќе можат да се купат онлајн. Исто така, ќе постои и опција корисниците да се „чекираат“ во некое од „Гучи“ местата и да собираат посебни беџови, како и други изненадувања.

Објавено:
20 јули 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
210 пати