Нов тренд во шминкањето што го освои Инстаграм!

21 март 2017

Поентилизам е специјална сликарска техника која подразбира нанесување на боите на платно во вид на точки, без да се размачкуваат со четка.

Ако се прашувате каква врска има сликарството со новиот тренд за шминкање што го освои Инстаграм, тогаш фотографиите ќе ви го појаснат тоа.

Цртањето точки по лицето наместо совршени прецизни линии е нешто што за кратко време стана вистински хит кај девојките.

Ова е еден навистина посебен начин на нанесување на шминка во пределот кај очите, но и особено уметнички доколку сте расположени за нешто поинакво.

Ако сакате заводлив и храбар ефект, тогаш погрижете се добро да нанесете само неколку точки на капаците или на работ од истите, но ако сакате нешто повеќе, тогаш направете „хаос“ од точки на повеќе места на лицето како пеги.

Голем број од можностите што ги нуди оваа техника се навистина носливи, особено за вечерните излегувања, но и доколку оваа пролет сакате да промените нешто во вашиот изглед и да бидете впечатлива девојка.

Секако, колку тие се подискретни и поситни тоа подобро, но можете да ги истакнете очите и со повеќе пролетни бои за малку поинаков изглед.

Можности има многу, а она што вам ви треба е добро моливче или туш за очи и неколку Јутуб видеа со кои за кратко совршено ќе научите како се нанесуваат.

Објавено:
21 март 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
810 пати