Нов ултра тренд: Blorange боја за коса

26 април 2017

Минатата пролет апсолутен хит беше Strawbarry blond бојата за коса. Оваа година, розовите нијанси добиваат портокалов тон, па новиот тренд е наречен Blorange коса.

Со оваа портокалова нијанса на праска, нема шанси да поминете незабележано. Како што говори и самото име, оваа боја е мешавина на руса нијанса со портокалова.

Една од првите што го започна овој тренд е моделот Џорџија Меј Џегер, по што бројни други познати личности се приклучија. За тоа колку е популарна, сведочат и честите Инстаграм објави со ознака #blorange.

Посебно им прилега на оние со посветол и топол тен. Ако сте од оние што планираат да направат ваква промена, наш совет е да не ја правите на своја рака.

Консултирајте се со стручно лице и препуштете му се, бидејќи ваква „испрана“, односно пастелна портокалова нијанса на коса не е едноставно да се постигне.

За вас што сè уште се двоумите, погледнете ги фотографиите, можеби ќе ви помогнат побрзо да се одлучите:

 

 

 

A post shared by Kylie (@kyliejenner) onJan 27, 2017 at 6:03pm PST

 

 

A post shared by Pixie Lott (@pixielott) onMar 4, 2017 at 11:42am PST

 

 

 

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) onJan 27, 2017 at 4:35am PST

 

 

 

A post shared by BLEACH (@bleachlondon) onJan 19, 2017 at 8:22am PST

 

 

 

A post shared by @littleefforts onJan 27, 2017 at 4:18pm PST

 

Објавено:
26 април 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.602 пати