Нова dm дрогерија во градот!

7 февруари 2017

dm сега уште поблиски до вас! Во населбата Ѓорче Петров в четврток, 9-ти февруари, во 09 часот наутро ќе се отворат вратите на новата dm дрогерија во ТЦ СП Планет.

Новиот продажен објект на dm е со вкупна површина од 449,73m2, од кои 308,66m2 продажен простор, а 111,08m2 магацински простор.

По тој повод се подготвени и изненадувања и попусти, со што уште повеќе ќе уживате во пазарувањето и тоа:

★ -15% попуст на АПСОЛУТНО СЀ, па и на веќе намалените производи

★ -25% попуст на СИТЕ шминки од Max Factor, Aura и Maybelline (на што дополнително на каса ќе Ви биде пресметан попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ)

-25% на сите гелови за туширање (на што дополнително на каса ќе Ви биде пресметан попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ)

Сите попусти можете да ги погледнете на линкот ТУКА, а истите ќе траат 4 дена (од 9.02-12.02.2017) година!

Покрај тоа, за супер позитивната атмосфера ќе се погрижи DJ Баже, како и бројни аниматори кои ќе ги донесат омилени цртани херои за нашите најмалечки.

Општествената одговорност на dm како компанија и овој пат нема да изостане. На денот на отворање, во период од 12 до 13 часот на касата во новата dm дрогерија ќе бидете услужени од “брачните партнери” Весна Бејби Петрушевска и Игор Џамбазов, кои со своето присуство несебично ќе дадат придонес во Донацијата која овојпат ќе биде насочена кон Здружението на лица со хендикеп и ретки болести „Дајте ни крилја” од Скопје.

На денот на отворање посетителите ќе бидат услужени на 3 каси, додека во редовното пазарување активни ќе бидат две каси.

Работното време на оваа дрогерија ќе биде:

Од понеделнк до сабота од 09: 00 до 21:00 часот и недела 10:00 до 17 часот.

Со отворање на овој објект, dm во Македонија е присутен со 11 продажни објекти, од кои 9 во Скопје и по еден продажен објект во Тетово и Велес!

Тимот на dm ве очекува, заедно да се забавуваме, прославиме и да бидеме хумани!

Објавено:
7 февруари 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
485 пати