Нова колекција парфеми Џани Версаче Couture

7 февруари 2014

 

Речиси веднаш по модната недела во Париз, италијанската модна куќа Версаче ја претстави новата колекција парфеми „Џани Версаче Couture“.

Станува збор за три уникатни парфеми, а клучните состојки на секој од нив одговара на бојата на шишенцето која е покриена со високо квалитетна мека кожа со дизајн во традиционален грчки стил.

„Сакав да создадам нешто навистина уникатно и ексклузивно. Овие мириси не се поврзани со специфичната колекција парфеми кои ги лансира Ателјето Версаче, бидејќи се вбројуваат во групата на есенции кои треба да го уловат духот на софистицираниот луксуз“, изјави креативниот директор на брендот Донатела Версаче.

 

 

Таа ја одбра музиката која ќе треба да биде во хармонија со секој од овие парфеми, а интересен е и фактот дека на сите три верзии работеле различни парфимери.

На првиот мирис Џани Версаче Couture, водечка нота му е виолетовата нијанса. Парфимерот Александра Косински, ги одбра акордите на мимоза, муск и хелиотроп. Вториот парфем се базира на нотите на роза, бадем и килибар, а го креираше Аурелиен Гишар, додека третата верзија е на Антоан Мезонд, на кој како инспирација му послужи јасминот, состојките на иланг-иланг, розата и бензоинот.

 

 

Ароматите Џани Версаче Couture ќе се продаваат во големина од 100 милилитри, а едното шише ќе чини 470 долари. Во продажба ќе бидат пуштени од следниот месец во продавниците на Версаче во Милано и Лондон во трговскиот центар Хародс.

 

Објавено:
7 февруари 2014
Категорија: 
Убавина