Нова мирисна нота потпишана од Марк Џејкобс

15 ноември 2014

Благодарение на претходната успешна соработка со Сефора за лансирање на „мејкап“ линијата, Марк Џејкобс одлучи токму тие да ја имаат ексклузивата за овој парфем, кој треба да биде пуштен во продажба во 2015 година. Амбалажата на парфемот е со црно – бели пруги кои даваат класичен, но и софистициран изглед.

Парфемот е комбинација од мирис на гарденија (омилениот парфем на дизајнерот), создаден од страна на Жан-Клод Делвиј. Неговата цветно-мошусна мирисна нота е збогатена и со цитрусен мирис на мандарина, како и таква од магнолија и лилјан.

„Mod Noir“ ќе биде достапен во амбалажа од 10, 30 и 50 милилитри, а покрај можноста да уживате во новата мирисна нота, ќе имате и амбалажа креирана лично од модниот дизајнер, Марк Џејкобс.

Објавено:
15 ноември 2014
Категорија: 
Убавина